Победниците ќе ја поделат наградата во износ од 1.000 евра / Photo: AA

Натпреварот во излежување, по кој Црна Гора е единствена во Европа и кој оваа година ги собори сите рекорди, заврши по 50 дена.

Овогодишни победници се Лидија Марковиќ и Филип Кнежевиќ, двајцата од Црна Гора, кои лежеа речиси 1.200 часа, што е апсолутен рекорд.

Победниците ќе ја поделат наградата во износ од 1.000 евра, а како што соопштија организаторите, Кнежевиќ „како џентлмен ја препушта медиумската победа на Лидија Марковиќ“.

Натпреварот што се одржува во црногорското етносело Брезна, што се наоѓа меѓу Никшиќ и Плужине, го привлече вниманието на домашната и странската јавност.

Практиката од претходните години беше натпреварувањето да трае неколку дена, па до оваа година рекордот во лежење беше 117 часа.

Оваа година учествуваа вкупно 21 натпреварувач од Црна Гора, Србија, Русија и Украина.

Според правилата, натпреварувачите имаа три дневни оброци, како и право да одат во тоалет на секои осум часа.

Организаторите најавија заострување на правилата за следната година.

AA
Популарни