Свесни сме дека работните барања, дигиталните одвлекувања и модерниот начин на живот драстично ги намалија значајните моменти со оние кои се најважни / Photo: Getty Images

Студиите за користење на времето откриваат реалност што ги отвора очите: додека детството и раната зрелост се полни со време поминато со семејствата, оваа динамика драматично се менува како што старееме. Откако ќе дојдеме до средината на 20-тите години, па се до пензионирање, се испоставува дека најмногу време поминуваме со колегите, а и сами.

Една шпанска компанија развила алатка за мерење на преостанатото време што луѓето го имаат со своите сакани, а резултатите биле запрепастувачки. Не се работи за години поминати заедно, туку се работи за денови. Така на пример, на две најдобри пријателки им преостанале 44 дена и 15 часа заедно. Мајка и син имаат 91 ден и 6 часа да поминат заедно, додека пак на двајца пријатели им останувале само 3 дена и 6 часа да бидат заедно.

Свесни сме дека работните барања, дигиталните одвлекувања и модерниот начин на живот драстично ги намалија значајните моменти со оние кои се најважни.

Оваа растечка загриженост поттикна дискусии низ Европа, при што некои земји сериозно размислуваат за четиридневна работна недела за да ја вратат рамнотежата и приоритетите на луѓето. Надлежните и синдикатите низ балканските земји, исто така, дебатираат дали намалувањето на работните денови може да ја подобри продуктивноста и личната благосостојба.

TRT Balkan
Популарни