Гробиштата во Манила се познати низ светот бидејќи на ова место живеат околу 6.000 сиромашни жители на главниот град на Филипини, известува Анадолу.
„Северни гробишта“ од 1950 година се претворени во сиромашен кварт за оние што не се во можност да си дозволат дом во Манила.
Некои од нив добиваат по 10 долари годишно од семејствата на починатите за да се грижат за гробовите на нивните најблиски.
Жители на оваа несекојдневна населба се возрасни, деца и постари лица. Во текот на летните месеци овие луѓе се соочуваат со екстремно високи температури што дополнително им ги отежнуваат условите за живот.
И покрај сите предизвици, дури и најсиромашните наоѓаат смисла и среќа во оваа необична средина, зајакнувајќи го чувството на заедништво и припадност.
Владата на претседателот Фердинанд Ромуалдез Маркос Џуниор во август предложи буџет во износ од речиси 100 милијарди евра за 2025 година наменети за подобрување на транспортот, земјоделството, здравството, инфраструктурата и образованието.
Најзагрозените Филипинци низ земјата се надеваат дека оваа иницијатива ќе донесе промени и ќе ги подобри условите за живот во земјата погодена од сиромаштија.