Новата влада ќе има пет потпретседатели и 17 министри / Photo: AA

Пратениците на парламентарното мнозинство рано утринава ја изгласаа 44-та Влада на Црна Гора, на чело со премиерот Милојко Спајиќ, по речиси осум часа дискусија.

Изборот на новата влада го поддржаа 46 пратеници од мнозинството, 19 беа против, а еден воздржан.

Новата влада ќе има пет потпретседатели и 17 министри.

За вицепремиер за безбедност, внатрешна политика, европски и надворешни работи е избран Алекса Бечиќ од Демократите, а за потпретседател за политички систем, правда и антикорупција Момо Копривица, исто така од редовите на демократите.

За вицепремиер за труд, образование, здравство и социјала е избран Срѓан Павиќевиќ од Цивис, за економска политика и министер за економски развој е избран Ник Ѓељошај од Албанската алтернатива, а Драгослав Шќекиќ од СНП е вицепремиер за демографија и млади и министер за спорт и млади.

Филип Ивановиќ од Движењето Европа сега (ПЕС) е нов министер за надворешни работи, Филип Радуловиќ (ПЕС) за транспорт и поморство, Јанко Одовиќ (ПЕС) за просторно планирање, урбанизам и државен имот, а Маида Горчевиќ (ПЕС) за европски прашања.

Министер за финансии е избран Новица Вуковиќ (ПЕС), за образование, наука и иновации е избрана Анѓела Јакшиќ Стојановиќ (ПЕС), а Андреј Миловиќ (ПЕС) и Наида Нишиќ (ПЕС) се избрани за министри за правда и социјална заштита.

За министер за здравство е избран Воислав Шимун (ПЕС), за министер за енергетика и рударство Саша Мујовиќ (ПЕС), за министер за внатрешни работи Данило Сарановиќ (Демократи), а за министер за одбрана Драган Краповиќ (Демократи).

Владимир Мартиновиќ (Демократи) е избран за министер за туризам, екологија, одржлив развој и развој на северот, Тамара Вујовиќ (Демократи) за министер за култура и медиуми, а Владимир Јоковиќ (СНП) за министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

За министер за јавна администрација е избран Мараш Дукај од Албанската алтернатива, а неговиот сопартиец Фатмир Џека за министер за човекови и малцински права.

AA
Популарни