Фелипе Шести и Милановиќ го поздравија истражувањето на нуклеарната фузија / Photo: AA

Шпанскиот крал Фелипе Шести и хрватскиот претседател Зоран Милановиќ ја поздравија шпанско-хрватската програма на истражување на нуклеарната фузија која во иднина би можела да биде извор на енергија како замена за фосилни горива и надополнување на други решенија за чиста енергија.

Шпанскиот крал и хрватскиот претседател учествуваа на форумот IFMIF-DONES кој е дел од дводневната програма на посетата на шпанскиот кралски пар на Хрватска.

Се работи за конкретен проект во кој свое место би можеле да се најдат и хрватски научници и хрватски високотехнолошки компании.

„Проектот ДОНЕС (DONES) е доказ на важноста која ние - во Хрватска и во Шпанија - ја даваме во истражувањето на одржливите извори на енергија за иднината, а на билатерален план брилијантен пример на соработка и партнерство во своето најдобро издание помеѓу нашите две земји“, рече кралот Фелипе пред гостите на собирот во Хрватскиот државен архив.

Тој рече дека ЕУ ја препознала важноста и итноста на вложување во истражување на нуклеарна фузија но, иако поддршката на институциите на ЕУ е многу важна, „тоа бара и вклучување на земјите членки и партнерите“.

Хрватскиот претседател Милановиќ истакна дека ова е исклучително важен настан за соработка помеѓу двете земји кој има и „силна европска димензија“, нагласувајќи ја важноста на проектот на истражувањето на нуклеарната фузија и за хрватските научници и компанијата.

Кралот Фелипе и претседателот Милановиќ се согласија дека во денешниот свет полн со предизвици, кога научниците предупредуваат дека има итна потреба да се дејствува, а одржливиот развој е нешто без кое не може да се направи, потребен е колективен напор, споделување на знаење и креативност.

Проектот ДОНЕС, иницијатива на две земји, кој е исто така стратешки важен за ЕУ, предвидува партнерство меѓу Хрватска и Шпанија во истражувањето на фузијата, заедно со партнерство во развојот и изградбата на акцелераторот ДОНЕС, а вклучува и соработка на физичари од двете земји, хрватските и шпанските компании, и им дава можности на хрватските високотехнолошки компании.

Програмата ДОНЕС ја претставија координаторот на хрватската фузиска истражувачка единица Тончи Тадиќ и Ангел Ибара, директорот на шпанскиот конзорциум ИФМИФ-ДОНЕС.

Во рамките на настанот потпишан е и меморандум за разбирање помеѓу двете министерства за наука за соработка на програмата ДОНЕС.

Во 2018 година, ДОНЕС беше вклучен меѓу проектите на ESFRI (European Strategy Forum on Research Infrastructures) како истражувачка инфраструктура за тестирање на материјалите потребни за изградба на првата демонстративна електрана во ЕУ во која електрична енергија би се произведувала со фузија, за разлика од класичните нуклеарни централи кои работат на принцип на фисија.

Фузијата има потенцијал да создаде одржлив извор на енергија за во иднина да ги замени фосилните горива и да ги надополни другите решенија за чиста енергија.

Во 2035 година во Гранада на југот на Шпанија би требало да почне дасе гради фузиска електрана ДЕМО, а проекто ДОНЕС би требало да даде материјал за неа. Електрната би требала да биде ставена во фунцкија околу 2050 година.

По учеството на научниот собир, Фелипе Шести се состанува со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и претседател на хрватскиот парламент Гордан Јандроковиќ со што и ќе ја заврши дводневната посета на Хрватска.

TRT Balkan / агенции
Популарни