Се очекува на средбата Рама и Макрон да бидат потпишани неколку меѓувладини договори и меморандуми за разбирање меѓу двете земји / Photo: AA

Албанскиот премиер Еди Рама во петокот ја почна дводневната официјална посета на Париз, каде што се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон.

Како што соопштија од кабинетот на премиерот, Рама ќе оствари низа состаноци насочени кон промовирање на потенцијалната и позитивна клима што ја нуди Албанија за развој на странски инвестиции, како и во перспектива на соработка меѓу двете земји во областа на технологијата и иновациите.

Се очекува на средбата Рама и Макрон да бидат потпишани неколку меѓувладини договори и меморандуми за разбирање меѓу двете земји.

За време на средбата ќе бидат претставени дел од приоритетните области за инвестирање во Албанија, од заеднички интерес за двете земји, а потоа Рама ќе оствари индивидуални средби со претставници на многу компании.

Во делегацијата предводена од Рама се министерката за образование и спорт Огерта Манастирлиу, министерката за туризам и животна средина Мирела Кумбаро, министерот за економија, култура и иновации Бленди Гонџе, министерот за локална самоуправа Арбјан Мазнику, како и министерот за јавна администрација и Анти-корупција Адеа Пирдени.

AA
Популарни