Министерот за надворешни работи на Република Туркије Хакан Фидан денеска во Подгорица изјави дека неговата земја ги поддржува сите иницијативи кои ќе донесат мир, благосостојба и стабилност на Балканот.
„Со нераскинливата улога на ПСЈИЕ во изнаоѓањето решенија за проблемите во регионот, Туркије ги поддржува сите иницијативи кои ќе донесат мир, просперитет и стабилност на Балканот“, рече Фидан во обраќањето пред учесниците на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Подгорица.
Фидан на маргините на самитот во Подгорица се состана и со претседателот на Албанија Бајрам Бегај.
Претходно денес шефот на турската дипломатија разговараше и со претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ.
На самитот присуствуваа високи функционери на земјите учеснички на ПСЈИЕ: претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, претседателката на Косово Вјоса Османи, претседателот на Бугарија Румен Радев, претседателот на Албанија Бајрам Бегај, премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ, прв вицепремиер и министер за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, потпретседател на Владата на Молдавија Олег Серебријан, министерот за надворешни работи на Туркије Хакан Фидан, генералниот секретар на Советот за регионална соработка Мајлинда Брегу, како како и претставници на Европската комисија, Европската служба за надворешни работи, Романија, Грција и Словенија.
Претседавањето со ПСЈИЕ од Црна Гора на 1 јули ќе го презеде Северна Македонија.