Фидан: Мирот е единсвен начин за решавање на проблемите на Балканот /     Фото: АА / Photo: AA

Мирот е единствениот начин за решавање на проблемите во балканскиот регион. Сублимирано, ова е пораката која во Скопје ја упати шефот на турската дипломатија Хакан Фидан кој претстојува во официјална посета на земјава.

Турскиот министер за надворешни работи Фидан се состана со својот македонски колега Тимчо Муцунски со кој по состанокот одржа заедничка прес-конфенреција.

Во фокусот на разговорите на министрите Фидан и Муцунски беа билатералните политички односи, зајакнување на економската соработка и искористување на инвестициските можности, одбранбената индустрија, борбата против тероризмот како и унапредување на соработката и во други области од заемен интерес.

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан се состана со неговиот македонски колега Тимчо Муцунски AA

Шефот на турската дипломатија рече дека со македонскиот колега имале интензивна агенда. Нагласи дека соработката, пријателска и сојузништвото го ценат многу. Посочи дека разговарале како можат да ја унапредат оваа соработка.

Фидан информираше дека Туркије има сериозна намера со Северна Македонија да потпише договор за Стратешка соработка на високо ниво.

„Од осамостувањето Туркије ја подржува Северна Македонија непоколебливо и ќе продолжи и во иднина. Од друга страна ја имаме економската соработка, сакаме да ја издигнеме оваа соработка на ниво на нашите политички односи. Билтералниот трговски обем планираме да го зголемиме на 2 милијарди долари. Северна Македонија има посебно место за мене бидјеќи сум посетил низа места на оваа земја во неколку наврати и верувам дека Османлиското наследство е значаен дел на културното наследство на оваа земја. Воедно, веруваме дека новата влада ќе има чувствителен пристап во борбата против тероризмот на чело со ФЕТО, бидејќи ФЕТО не е закана само за Туркије, туку и за секоја земја каде што е присутна. Очекуваме Северна Македонија да даде посилна поддршка во борбата против ФЕТО“, истакна Фидан.

Меѓу другото, министерот Фидан нагласи дека турската заедница во земјава силно ги поврзува двете држави, слично „како Камениот мост во Скопје.“

„Сакаме да се развиваат односите помеѓу сите заедници и да се зачува оваа хармонија на Северна Македонија. За барањата за настава на мајчин јазик и инфраструктурни проекти на турската заедница, верувам дека новата Влада ќе има позитивен пристап“, додаде Фидан.

Муцунски: Туркије е докажан пријател и НАТО сојузник

На заедничката прес-конференција, министерот Муцунски истакна дека Туркије е докажан пријател и НАТО-сојузник на Северна Македонија.

Тој упати благодарност кон Туркије која беше една од првите земји којашто покажа солидарност во справувањето со шумските пожари во Северна Македонија.

Муцунски напомена дека ова е прва официјална посета на странски министер по неговото стапување на должност, додавајќи дека му е драго што тоа е токму министерот Хакан Фидан.

„Ова е силна потврда за сѐ поинтензивниот политички дијалог меѓу двете земји, растечката заемна доверба, партнерство и пријателство кое заеднички го градиме и го негуваме. Денес имавме конструктивни разговори на кои заеднички ги разгледавме можностите за унапредување на односите во сите сфери од заемен интерес, со посебен акцент на економската соработка и можностите за нејзиното продлабочување“, рече Муцунски.

Тој истакна дека турските инвестиции во Северна Македонија од нејзиното осамостојување се огромни, но додаде дека досегашната економска соработка го нема постигнато посакуваното ниво од двете држави.

Фидан за отворените прашања на Балканот: Мирот е единственото решение AA

Фидан за отворените прашања на Балканот: Мирот е единствен начин за решавање на проблемите

Освен економските односи, Муцунски истакна дека со турскиот колега разговарале и за безбедносни, регионални и други теми.

Прашан за отворените прашања на Балканот и каков е пристапот на Туркије, Фидан рече: „Политичките проблеми со кои се соочуваме на Балканот, се проблеми кои се наследени од историјата и ние имаме единствен пат овие проблеми да ги решиме на мировен начин, со дијалог и да направиме се што е можно во таа насока. Во блиско минато имаме многу тажни примери, кога војната и конфликтите ни носат урнатини.“

Фидан: Го поддржуваме процесот меѓу Белград и Приштина

Туркије, нагласи Фидан, има активен пристап за решавање на проблемите на мировен начин и со дијалог, како во во Босна и Херцеговина, така и за процесот меѓу Белград и Приштина.

„Ги поддржуваме и меѓународните иницијативи, а исто така, цело време се заложуваме и во насока што би можеле ние да направиме. Го поддржуваме процесот меѓу Белград и Приштина, и за средбите и активностите кои не се обзнаени во медиумите, ги поддржуваме и даваме максимален придонес. Но, би сакал да повторам. Имаме еден и единствен начин, на мирен начин, преку дијалог да се фокусираме на решавање на проблемите, бидејќи не треба ниту да помислуваме на конфликтите и војната“, изјави Фидан.

„Балканот во изминатите 20 години, на многу тажен начин имаше многу болни искуства“, рече Фидан, нагласувајќи дека не треба да мислиме само за лични придобивки, туку да направиме системски пристап за голем раст и благосостојба на целиот регион.

Шефот на турската дипломатија Фидан се состана со македонскиот премиер Мицкоски AA

Во рамките на посетата, турскиот министер Фидан се состана со претседателот на Собранието Африм Гаши, како и со македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

Министерот за надворешни работи на Туркије Хакан Фидан се состана со претседателот на Собранието на Северна Македонија Африм Гаши AA

Министерот Фидан оствари средба и со турската заедница во земјата, го посети основното училиште „Тефејуз“ во Скопје каде наставата се одвива на турски јазик, џамјата во Топанско поле која се гради под покровителство на турски Дијанет, а ја посети и Старата скопска чаршија.

Министерот за надворешни работи Хакан Фидан во Скопје AA

Туркије има значајна позиција во надворешните односи на Северна Македонија како држава која меѓу првите ја призна Северна Македонија под нејзиното уставно име и назначи амбасадор во Скопје.

Министерот за надворешни работи на Туркије Хакан Фидан во посета на основното училиште „Тефејуз“ во Скопје AA

Посетата ги нагласува силните врски меѓу двете земји, а во моментов Туркије е рангирана како седми најголем странски инвеститор во Северна Македонија.

TRT Balkan
Популарни