Фон дер Лајен во Скопје: Северна Македонија се движи на европскиот пат     Фото: АА

Северна Македонија сега се движи напред по европскиот пат, а ова го покажа и последниот Извештај за проширувањето на Европската унија. Ова е пораката што ја упати претседателĸата на Европсĸата ĸомисија Урсула Фон дер Лајен во Скопје на заедничката прес-конференција со премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски.

„Прекрасно е да се види колку одлучно, решително, се движите напред. Ја зацврстивте демократијата, го зацврстивте владеењето на правото,постигнавте напредок во реформата на правосудниот систем и развивате цврста пазарна економија која веќе ја покажа својата отпорност“, истакна Фон дер Лајен.

Таа истакна дека се гледа решителноста на Северна Македонија „да го одржи ова темпо за да стигне до ЕУ“.

Влијанието на војната во Украина врз економијата

Во своето обраќање таа се осврна и на влијанието на војната во Украина и последиците врз економијата, особено врз енергетскиот сектор.

„Оваа војна со себе носи свирепост и уништување на украинскиот народ и задава удари врз целиот свет. Русија продолжува да ја користи енергијата како оружје и манипулира со енергетските пазари. Ова резултираше со зголемени цени на енергијата и нестабилна безбедност на снабдувањето. И за жал и Северна Македонија е погодена од тој удар. Но бидете сигурни дека и ние го чувствуваме истиот притисок и нема да се предадеме“, рече фон дер Лејен.

„ЕУ е покрај Северна Македонија“

Во својата порака до граѓаните на Северна Македонија, фон дер Лејен рече дека актуелната криза „ќе ја решиме и ќе ја надминеме заедно.“

„Мојата порака е многу јасна. ЕУ е покрај Вас. Во ова сме заедно и ќе минеме низ ова заедно и ќе ја надминеме оваа криза заедно и ќе се придвижеме кон подобра иднина“, порача претседателката на Европската комисија.

Пакет за енергетска поддршка на Западен Балкан

Таа информираше дека ЕУ обезбеди пакет за енергетска поддршка за целиот Западен Балкан, во вид на грантови, а дека за Северна Македонија се наменети 80 милиони евра, како итна буџетска поддршка за граѓаните и бизисите.

„Секако, ќе има уште. Има 500 милиони евра во грантови за регионот за инвестирање а тоа е многу неопходно да ја добиеме нашата независност во енергетски конекции со Еворпа, поголема енергеска ефикаснсот и секако во обновлива енергија. Треба да бидеме самоодрливи со енергијата. Обновливата енергија што ќе биде произведена дома,а тоа ќе не прави независни од руските фосилни горива“, истакна таа.

Фон дер Лејен очекува мнозинство за уставните измени

На новинарско прашање во врска со нејзиниот став за уставни измени кои треба да бидат изгласани во Собранието со двотретинско мнозинство, кои се дел од францускиот предлог, а со кои Бугарите треба да бидат дел од Уставот на Северна Македонија, претседателката на Европската Комисија, Фон дер Лејен, смета дека ќе се постигне мнозинство и уставните измени ќе бидат изгласани.



„Денес, го потпишавме договорот ФРОНТЕКС, на македонски јазик,. Тоа е првиот договор кој Северна Македонија го потпишува со Европската Унија на кој стои чист македонски јазик заедно со сите други јазици во ЕУ“, изјави Ковачевски.     Фото: АА AA

Прв договор помеѓу Северна Македонија и ЕУ на македонски јазик

Премиерот на Северна Македонија, Ковачевски, истакна дека денес е голем ден за државата и за македонскиот народ.

„Денес, го потпишавме договорот ФРОНТЕКС, на македонски јазик, без фусноти, без ѕвездички и без додавки. Без нејасни формулации. Чист македонски јазик. Тоа е првиот договор кој Северна Македонија го потпишува со Европската Унија на кој стои чист македонски јазик заедно со сите други јазици во ЕУ“, изјави Ковачевски.

Со овој Договор, како што рече Ковачевски, „ќе можеме заеднички да се справуваме со нелегалната миграција и заеднички да одговориме на предизвиците, но овој пат тоа ќе го правиме од нашата територија заедно со силите на Фронтекс“.

Ковачевски рече дека сите заедно на Европскиот континент, се исправени пред предизвик на соочување со најтешката зима после Втората светска војна, за што е потребна соработка од која ќе ќе зависи како ќе се надмине овој период.

„Највисоката стапка на инфлација во последниве 50 години низ цела Европа, нè обврзува во заеднички пристап кон кризата и со нашите НАТО и ЕУ партнери и со земјите од регионот, за да делуваме одлучно и да преземаме што поефективни мерки за справување со истата“, нагласи Ковачевски.

Со посетата на Скопје, претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен ја започна турнејата низ земјите на Западен Балкан.

TRT Balkan
Популарни