Според Ангелов, во Дојран има опасност од експлозии од неексплодирани гранати од минатите војни / Photo: Центар за управување со кризи

Голем пожар утрово избувна помеѓу Нов и Стар Дојран при што биле зафатени и три куќи, информираа од Центарот за управување со кризи.

„Локалното население е евакуирано, а повредени за среќа нема. Во гаснењето на пожарот учествуваат и противпожарните бригади од околните градови и хеликоптер кој полни вода од езерото, но голем проблем преставува силниот ветар кој им ја отежнува работата“, велат од ЦУК.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов информираше дека има опасност од експлозии од неексплодирани гранати од минатите војни.

Според градоначалникот на Дојран, Анго Ангов вели дека овој пожар е подметнат бидејќи во близина на пожарот биле пронајдени канти од моторно масло.

Во однос на другите пожари, од ЦУК информираар дека територијата на фронтот на пожарот во Светиниколско е многу широк, но во овој момент населени места не се во опасност. Пожарот над Прилеп е ставен под контрола.

Во Свети Николе на терен се пожарникарите, а во приправност има доволен број на припадници на Армијата кои се вклучуваат по барање на локалните командири.

Од воздух ќе делува еден армиски хеликоптер Ми 17 и три ер-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување.

Пожарот над Прилеп во голем дел е ставен под контрола, доцна во ноќта спасен бил манастирот. Позади сртот на Маркови кули пожарот е поделен во два крака и во моментов се интервенира да се стават и овие жаришта под контрола и да се изгаснат, има доволен број на луѓе на терен, а воздушна подршка засега не е потребна.

Вчера на територијата на цела држава регистрирани беа 42 пожари на отворено и шумски пожари, од кои 17 се активни, 4 се под контрола, а 21 е изгаснат.

Во кумановско Кокошиње почина повозрасен човек, кој се задушил од огнот.

TRT Balkan / агенции
Популарни