БиХ бара помош во гасењето пожари да се вклучат и хрватски канадери     Фото: АА

Советот на министри на Босна и Херцеговина едногласно, на предлог на Министерството за безбедност, донесе одлука за барање меѓународна помош за заштита и спасување во гасењето пожари во Босна и Херцеговина (БиХ).

Со одлуката, од надлежните органи на Република Хрватска е побарана меѓународна помош во вид на испраќање „канадери“ со посада, која ќе ја примат органите на цивилната заштита на Босна и Херцеговина.

Оваа итна одлука на Советот на министри на БиХ ја донесе за да му се помогне на населението на подрачјето на општините Читлук, Чапљина и Коњиц, каде поради непристапен терен е отежнато гасењето на големите пожари.

AA
Популарни