Голоб во Сараево: Словенија сака да биде најголем сојузник на БиХ / Photo: AA

Словенија не сака да биде само пријател на Босна и Херцеговина, туку најголем сојузник, изјави во Сараево премиерот на Република Словенија Роберт Голоб по состанокот со претседавачот на Советот на министри на БиХ Борјана Кришто.

Голоб денес допатува во БиХ, што е негова прва официјална посета во странство. Пречекан е со највисоки државни почести, после што е одржан состанок на делегациите на БиХ и Словенија.

Совенечкиот премиер рече дека во неговата земја, но и на меѓународната сцена се случила важна промена. Како што рече, се интензивираше принципот на солидарноста меѓу народите и политичката соработка.

„Само на таков начин ќе дојдеме до економски развој, до напредокот на земјата. И каде ако не токму во БиХ тие принципи да се имплементираат. Токму поради минатото на БиХ, Словенија сака стабилност во овој дел на Еворпа, како и поради нашите економски односи. Словенија вложува во БиХ. Нашите напори затоа навистина се логични и нема скриени пораки“, рече Голоб.

Главниот фокус на посетата на словенечкиот премиер е како повеќе да и се помогне на Босна и Херцеговина на нејзиниот европски пат по важната геостратешка одлука на Европскиот совет во декември за давањето на статусот кандидат на БиХ. „Имам две пораки за вас. Искрено да ви кажам дека се смени атмосферата во Брисел и ова е историска шанса. Во изминатите 20 години процесот на проширување е запрен со техничко-административни прашања. Меѓутоа, тоа денес стана политичко прашање и овој историски момент треба да се искористи за напредокот на БиХ на тој пат. Второ, Словенија не сака само да биде пријателска држава на БиХ, туку нејзин најголем сојузник. Затоа ја понудивме целата можна помош од техничка, административна, стручна па се до финансиската помош на тој пат“, рече Голоб.

Истакна дека поради војната во Украина, тие земји кои некогаш беа скептични околу процесот на проширувањето на ЕУ, во политичка смисла се спремни за преговарање и продолжување на процесот на ширење на Западен Балкан.

„Паралелно со тоа, во рамките на ЕУ тече и статескиот пристап како да се поврзе ЕУ со своите соседи - таканареченото меко ширење на ЕУ на совите најдворешни граници со соседите, односно земјите кои не се членки на ЕУ. Едно од можните сценарија кои ги поддржува Словенија е фазно проширување, во кое земјата кандидат самата ќе има корист од сите реформи кои ги презема на тој пат пред се во контекст на образованието, младите и законодавството“, рече Голоб.

На крајот рече дека помеѓу БиХ и Словенија има простор за подобрување на меѓусебната соработка на подрачјето на обновливи извори на енергија и дека неговата земја е спремна да вложува.

За денес е најавена средба со претседавачот и членовите на колегиумот на Претставничкиот дом и Домот на народот на Парламентарното собрание на БиХ, како и со претседавачот и членовите на Претседателството на БиХ.

Односите на Република Словенија и Босна и Херцеговина традиционално се пријателски. Република Словенија активно ја поддржува Босна и Херцеговина во нејзиниот пристап кон европските интеграции и успешно се трудеше на БиХ да ѝ се додели статусот на кандидат за членство во Европската унија.

Така Европскиот совет за општи работи на 13 декември 2022 година ја усвои одлуката за давањето статус на кандидат, која Европскиот совет го потврди на седницата на 15 и 16 декември минатата година. Одлуката се заснова на словенечката иницијатива.

TRT Balkan / агенции
Популарни