Граничниот премин Брњак, на северот на Косово, утрово е повторно отворен за влез од Србија, додека преминот Јариње се уште е затворен.
Заменик директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани, за Анадолу потврди дека утринава е пуштен за сообраќај граничниот премин Брњак, кај Зубин Поток.
„Брњак беше отворен во 8 часот утринава за влез од Србија, додека не беше отворен од косовска страна“, рече Елшани.
Тој потврди дека граничниот премин Јариње, исто така на северот на Косово, се уште е затворен за влез од Србија, поради полициската истрага која се уште е во тек по терористичкиот напад во Бањска, во Звечан.
Во напад на група вооружени Срби на 24 септември во Бањска, на северот на Косово, еден косовски полицаец беше убиен, а двајца други беа ранети, додека најмалку тројца напаѓачи беа убиени.
Одговорноста за организацијата на нападот ја презеде Милан Радоичиќ, поранешниот потпретседател на Српската листа, кој денеска беше ослободен од притвор.
Тој беше приведен вчера под сомневање за извршени повеќе кривични дела- здружување заради извршување кривични дела, недозволено држење оруќје како и тешки кривични дела против општата безбедност.