Групи за пријателство на Косово и Северна Македонија на средба во Приштина / Photo: AA

Групата за пријателство со Северна Македонија на Парламентот на Република Косово беше домаќин на Парламентарната група на Северна Македонија за соработка со Парламентот на Косово.

Според соопштеното, ова е прва средба во историјата на двата парламента.

На средбата, како што рече косовската пратеничка Ганимете Муслиу, се разговарало за можностите за соработка во иднина во различни области, како што се преминот на граничната точка, здравствени прашања, прашања во врска со образованието, соработката во надворешната политика итн.

„Двете групи дојдоа до заклучок дека треба почесто да се состануваме и да ги координираме нашите агенди за точките каде што навистина можеме да соработуваме како две соседни држави кои се географски блиски, но и интерактивноста на нашите два народа е многу честа и многу активна“, нагласи Муслиу.

Африм Гаши, од Пратеничката група на Северна Македонија за соработка со Парламентот на Косово, рече дека утврдиле дека односите меѓу двете земји се одлични, но секогаш има простор за подобрување на односите.

Гаши рече дека на средбата станало збор за тоа кои се областите во кои може да се развива соработката, со цел да се олеснат и подобрат условите за најдобар можен живот на граѓаните во двете држави.

„Колку се подобри односите меѓу нашите две земји, толку подобро ќе биде за граѓаните на нашите две земји и тоа ќе биде одраз за нашите земји и регионот и ќе бидеме позитивен пример или бела точка на Балканот во функција на нашето заедничко движење на патот на нашите две држави во НАТО и ЕУ-интеграциите“, нагласи Гаши.

Тој рече дека Косово и Северна Македонија треба меѓусебно да се усовршуваат на нивниот евроатлантски пат, секогаш за доброто на граѓаните на двете земји.

Работен ручек ќе одржат и Групата за пријателство со Северна Македонија на Парламентот на Косово и Пратеничката група на Северна Македонија за соработка со Парламентот на Косово, а ќе бидат пречекани и од претседателот на Парламентот на Косово, Глаук Коњуфца, како и од парламентарната Комисија за надворешни работи и дијаспора.

TRT Balkan / агенции
Популарни