Кристофер Хил учествуваше на конференцијата „Регионални безбедносни предизвици и неодамнешни случувања во земјите од Западен Балкан“ во организација на Претседателскиот центар за политичко образование / Photo: МИА

Отворен Балкан е создавање на смисла за добрососедство. Тој прави границите да не разделуваат, туку да спојуваат и она што е важно за секоја регионална интеграција, особено во Западен Балкан е да се биде отворен, истакна Кристофер Хил, амбасадор на САД во Србија и поранешен американски амбасадор во Северна Македонија.

На конференцијата „Регионални безбедносни предизвици и неодамнешни случувања во земјите од Западен Балкан“ во организација на Претседателскиот центар за политичко образование, Хил посочи дека поентата на Отворен Балкан е да се креира чувство на заедништво и начин на функционирање со соседството. Според него, регионалната интеграција е важна, како и границите кои не ги делат луѓето, туку обединуваат.

„Отворен Балкан создава добрососедство и го олеснува протокот на движење на границите. Поентата на иницијативата е да се создадат начини на соработка со соседите”, истакна амбасадорот Хил.

Според Хил, доколку погледнеме што се случува во оваа земја во последните 30 години, како што рече не може да бидете ништо друго, само оптимистичен. Тој посочи дека корупцијата е проблем, но не е ексклузивен проблем само на Балканот.

„Моето лично гледиште е дека граѓаните треба да ги сметаат лидерите за одговорни. Но, сметам дека фокусот треба да биде на институциите”, рече тој

TRT Balkan / агенции
Популарни