Околу 15.000 жени нашле работа во Хрватска како згрижувачи на постари и немоќни лица во рамки на државната програма „Посакај“.
Премиерот на Хрватска и министерот за труд и социјална политика Марин Пилетиќ свечено врачија 43, од вкупно 62 договори вредни повеќе од 8 милиони евра во рамките на повикот „Посакај- програма за вработување жени - фаза III“.
Претседателот на Владата на Република Хрватска Андреј Пленковиќ нагласи дека програмата „Посакај“ во изминатите пет години успешно на пазарот на трудот ги враќа повозрасните жени и тоа во деловите на Хрватска во кои таквите лциа тешко доаѓаат до работа.
„Притоа тие жени обезбедуваат грижа за повозрасни и немоќни лица во тие исти краеви. Драго ми е што корисниците во програмата „Посакај“ се и невладините организации и единиците на локална самоуправа“, рече Пленковиќ.
Досега преку оваа програма се вработиле 15.000 жени кои обезбедиле грижа за повеќе од 50.000 возрасни и немоќни лица, истакна Пленковиќ.
Хрватскиот министер за труд и социјална политика Марин Пилетиќ наведе дека програмата „Посакај“ преку својата имплементација развил доверба во однос помеѓу тешко вработливите жени и повозрасните лица на кои им е потребна помош. Втора фаза на потпишување на договорот министерот најави за наесен, кога ќе се доделат преостанатите износи од вкупно 200 милиони куни (26,6 милиони евра), колку што со оваа програма е обезбедени.
Директорот на Хрватскиот завод за вработување Анте Лончар рече дека со Повикот „Посакај - програма за вработувањ жени - фаза III“, ќе бидат вработени 1.217 жени и ќе опфати 7.388 постари и немоќни лица.
Програмата „Посакај“ започна во декември 2017 година со тоа што досега преку програмата се доделени повеќе од 24 милиони евра.
Целта на Повикот е да овозможи вработување на пазарот на труд на жени припаднички на ранливите категории со акцент на послабо развиените подрачја и подрачја со поголема невработеност. Неповратните средства во рамките на програмата се финансираат со средства до Европскиот социјален фонд во рамките на Оперативната програма за Поефективен човечки потенцијал 2014-2020.