За семејството Јовановиќ, испирање на златотото не е само занает, туку и начин на живот / Photo: TРТ БАЛКАН

Дали знаете дека сè уште има семејства кои ја негуваат традицијата на испирање на златото?

Токму во Кучево, град во источниот дел на Србија, семејството Јовановиќ неуморно трага по злато повеќе од 100 години. Живорад Јовановиќ, потомок на долгата низа трагачи по злато, гордо ја одржува традицијата на своите предци.

„Помислувам на моите предци. На мојот дедо, на мојот прадедо, кои се занимаваа со оваа работа што ја сакам, а во исто време да му ја пренесам на мојот син, за тој да ја продолжи таа традиција“, изјави Живорад за ТРТ Балкан, нагласувајќи ја важноста од зачувување на семејното наследство.

Во 1930-те, со поддршка на кралот Александар Караѓорѓевиќ, од реката Пек месечно се ваделе неверојатни 30 до 40 килограми чисто злато. Денес оваа традиција ја продолжуваат само љубителите на природата и вешти мајстори како Живорад и неговиот син Милош.

Во Кучево, град во источна Србија, семејството Јовановиќ неуморно трага по злато повеќе од 100 години ТРТ БАЛКАН

Според Живорад, традицијата на испирање на злато била многу важна за луѓето од овој регион.

„Со тоа злато сиромавиот можеше да купи брашно, маст, сирење, со тоа злато можеше да плати се“.

Најголемата надеж на Живорад е дека по неговите стапки тргнал и неговиот син Милош.

„Мојата најголема надеж е дека Милош тргна по моите стапки, се надевам дека ќе продолжи и секако ќе ја продолжи традицијата на нашите предци. И во испирањето злато и во зачувувањето на традицијата“, додава Живорад, гордо гледајќи во својот син.

За семејството Јовановиќ, испирање на златотот не е само занает, туку и начин на живот.

„Испирање на златото постои од памтивек и ќе биде до крајот на векот“, заклучува Живорад, цврсто верувајќи во иднината на оваа традиција.


TRT Balkan
Популарни