Повеќе од една деценија Србите од Северна Митровица не ги прифаќат одлуките на Владата на Косово, кога се работи за воведување на мерката реципроцитет со Србија.
Одлуките на Владата на Косово за воведување на мерката реципроцитет со Србија, секогаш предизвикувале реакции на граѓаните Срби од северот на Косово. Воглавно, овие реакции се манифестирани со поставување на барикади. Но, имало и насилно протести и напади врз припадниците на косовската полиција.
Три години по независноста
Првите барикади што Србите ги подигнаа во Северна Митровица беа регистрирани во 2011 година во знак на протест со цел спротивставување на воспоставувањето на власт во овој дел на Косово.
Во јули 2011 година, косовската полиција, за првпат по прогласувањето на независноста во 2008 година, тргна да воспостави контрола над граничните премини Јариње и Брњак на северот на Косово на границата со Србија.
Оваа акција на косовската полиција, одобрена од тогашниот премиер Хашим Тачи, резултираше со поставување на многу барикади во северниот дел на земјата од страна на граѓаните Срби во Косово.
При оваа акција животот го загуби припадникот на специјалната единица Енвер Зимбери. Во меѓувреме, опожарен беше граничниот премин Јариње. Спроведувањето на мерката реципроцитет кон Србија за царински печати беше причина за оваа акција.
Барикадата над мостот во Митровица
Огорчени поради преземањето контрола на граничните премини на северот на Косово, српските граѓани три години по ред (2011-2014), го блокираа главниот мост на реката Ибар во Митровица. Покрај оваа барикада од камења, тие блокираа и други населби во преостанатиот дел од Северна Митровица.
Почетокот на отстранувањето на оваа барикада започна на 18 јуни 2014 година. Наместо камења, граѓаните Срби поставија бетонски саксии и засадија борови, нарекувајќи ја оваа барикада како „Парк на мирот“.
Но, и оваа форма на блокирање на патот не траеше. Следна иницијатива на Србите во северот на Косово беше изградбата на ѕид, кој конечно беше отстранет во 2017 година.
Заштита на осомничени криминалци
Поставувањето барикади од страна на граѓаните Срби не беше направено само против мерките за реципроцитет. Камиони со дрва и други тешки возила од српски државјани на северот на Косово се распоредени и кога косовската полиција спроведуваше акции против шверц и апсења поврзани со злоупотреба на службената должност.
Ваква барикада беше поставена во мај 2019 година во Зубин Поток со цел да се спречи косовската полиција да уапси некои осомничени лица. Камионите со дрва на локалните Срби беа отстранети од оклопните автомобили на косовската специјална единица.
Полицијата и демонстрантите лице в лице
Минатата година, припадниците на косовската полиција и демонстрантите Срби од северот на Косово застанаа лице в лице на барикадите. Одлуката на Владата на Косово за реципроцитет за регистарски таблички од Србија, влијаеше речиси две последователни недели во Северна Митровица да владее тензична ситуација. Но, за среќа, без позначајни инциденти. Не недостигаа и провокации од српска страна.
Со стари методи против новите мерки
Предупредувањата за воспоставување нови мерки на реципроцитет за лични карти со Србија ги вратија камионите со чакал на сцената во делот на Северна Митровица.
Блокадата на патиштата започна во попладневните часови на 31 јули. Сирени за предупредување повторно се слушнаа во Северна Митровица. Ова беше знак за реакцијата на граѓаните.
Според соопштението на косовската полиција, во овој период имало пукање од огнено оружје кон нив, а биле малтретирани и граѓани Албанци. Косовските лидери во доцните вечерни часови, по средбите и контактите со меѓународниот фактор, соопштија дека донеле одлука мерките на реципроцитет на српските документи да се одложат за 1 септември, доколку се отстранат сите бариери на патиштата и доколку се овозможи слобода на движење на северот на Косово.