Балканот се вооружува: Се купува ново и половно оружје од светските сили / Photo: TRT Balkan

Поголеми издвојувања од буџетот за одбрана се приоритет на владите во земјите од балканскиот регион, кои велат дека безбедноста станува се поголемо и поважно прашање во време на војната во Украина, како и војната на Израел во Газа, но и севкупните безбедносни случувања на Блискиот Исток.

ТРТ Балкан ви дава преглед за тоа колку земјите од регионот издвојуваат за одбрана според последните податоци објавени од ресорните министерства на наведените земји.

Србија: Буџетот за одбрана во 2025 ќе биде рекорден

Купувањето на француските „рафали“ и воведување на задолжителниот воен рок влијаеа буџетот на Србија за одбрана во 2025 година да биде рекорден. На Војската и одбраната во 2025 година од буџетот и следуваат 261,8 милијарди динари или околу 2,2 милијарди евра, што е 2,53 отсто од вкупниот БДП на Србија. Во компарација со останатите земји од регионот, Србија издвојува најмногу средства за одбрана.

Само на ставката „служење на воениот рок“ Министерството за одбрана на Србија издвоило повеќе од 86 милиони евра. Најмногу средства се планирани за вооружување и средства за обука, како и храна и униформи.

Црна Гора: Првпат за одбрана издвоени 2% од БДП

Црна Гора првпат минатата година оствари издвојувања од два отсто од БДП за одбрана, покажува извештајот на НАТО алијансата. Според тие податоци, Црна Гора во 2024 година издвоила 150 милиони евра.

Највеќе средства, според НАТО извештајот, Црна Гора издвојува за персоналот, 39%, додека за операции, одржување и останати трошоци издвојува 35,8%. Издвојувањата за опрема се 15%, за инфраструктура нешто помалку од 4%.

И Косово издвојува 2% од БДП за одбрана

Меѓу земјите од регинот кои издвојуваат 2 отсто од вкупниот БДП е и Косово. Според изјавата на косовскиот премиер Албин Курти, кон крајот на минатата година, при презентација на буџетот за 2025 година, за одбрана се наменети 208 милиони евра.

„Додека во претходните две години дури ни по новите издвојувања во текот на годината, со одлука на Влада, достигнавме ниво од 2 отсто од бруто-домашниот производ, од почетокот на 2025 година буџетот за одбрана ќе биде на ниво од 2 отсто од БДП. Тоа значи дека со дополнителни издвојувања во текот на годината ова ќе надмине дури и овие 2 отсто од БДП, што е НАТО стандард од самитот во Велс одржан пред една деценија“, рече Курти.

Албанија издвојува 526 милиони евра за одбрана

Во фокусот на буџетот на Албанија за 2025 година, меѓу другото, е и одбраната, која поради геополитиката и барањата што ги најави НАТО ќе добие 526 милиони евра.

Најавено е дека овие средства главно се наменети за вооружените сили и цивилните итни случаи.

Хрватскиот вицепремиер и министер за одбрана Иван Анушиќ кон средината на 2024 година, односно на 13 и 14 јуни учествуваше на дводневниот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО во Брисел. На состанокот помеѓу другото се разговараше и за издвојвуање за одбрана на земјите членки на НАТО при што министерот Анушиќ остакна дека Хрватска како доверлив сојзуник ќе ги исполни сите преземени обврски, во согласност со планираната динамика. Тогаш министерот Анушиќ потсети дека од 2016 година до сега буџетот на Хрватска е зголемен за 122 отсто и дека сега изнесува 1,172 милијарди евра.

Воен рок кон средината на 2025 година

Во контекст на одбраната на Хрватска, потсетуваме и на изјавата на министерот Анушиќ дадена во август минатата година во која најави дека Хрватска од 1 јануари 2025 година воведува задолжителен воен рок.

„Тоа ќе трае два месеци, ќе започне на 1 јануари 2025 година и, едноставно, сè што комунициравме со јавноста, продолжуваме да правиме. Ги зголемивме платите на војниците, подофицерите и офицерите, нивните материјални права. не само преку лични примања, туку и преку дневници и се што им следува“, изјави тогаѓш Анушиќ.

Сепак, од хрватското Министерство за одбрана, во декември минатата година посочија дека во јануари 2025 година, по претседателските избори, ќе започне законската процедура потребна за враќање на задолжителниот воен рок, а првите повици на воените регрути се очекуваат кон средината на 2025 година.

Во Хрватска стингнаа авионите Рафал

Меѓу другото, потсетуваме и дека првите шест ов вкупно 12 повеќенаменски борбени аивони Рафал стигнаа во Хрватска во април минатата година, односно две години и пет месеци по потпишувањето на договорот со Франција, вреден повеќе од милијарда евра, а доаѓањето на последните од дговорорените авиони се очекува кон почетокот на оваа година.

Република Северна Македонија го исполнува условот да одвојува два отсто од бруто домашниот производ за одбраната. Но за тоа дали овој процент ќе се зголеми, ќе знаеме повеќе по претстојните самити на НАТО, кажа министерот за одбрана Владо Мисајловски кон крајот на 2024 година.

Македонската армија ќе се модернизира и опремува

Министерот Мисајловски рече дека буџетот за одбраната за 2025 ќе изнесува 329 милиони евра, од кои 106 милиони се наменети за модернизација и опремување на армијата.

Во однос на 2024, ова било зголемување за 18 милиони евра. До крајот на следната година треба да пристигнат сите нарачани и купени воени средства.

„Испораката на сите 96 возила ‘ЈЛТВ‘ треба да заврши до крајот на 2025, исто и на возилата ‘страјкер‘. До крајот на следната година треба да дојдат и нарачаните системи ‘боран‘ и ‘мистрал‘“, најави Мисајловски.

Професионални војници наместо воен рок

Во новата воена опрема спаѓаат и осумте хеликоптери нарачани од Италија.

„Тоа е најголемиот договор што го имаме потпишано, од 249 милиони евра. Сега ги разгледуваме сите детали и секој документ се проверува стручно. Техничкиот аранжман потпишан од министрите за одбрана на двете земји не е заверен во Министерството и тоа е проблем. Договорот беше потпишан пред изборите и беше платен аванс од 39 милиони евра, а во јануари треба да се исплати првата рата од 35 милиони евра“, кажа Мисајловски.

Во 2025 година, најави министерот Мисајловски, ќе започне постапка за прием на нови 300 професионални војници, а во војската ќе се примат и 60 граѓани со цивилни факултети.

„Засега не се размислува за враќање на задолжителниот воен рок, нема таква иницијатива“, рече Мисајловски.

TRT Balkan
Популарни