Косовска полиција: Убиени тројца напаѓачи, еден уапсен / Photo: AA

Безбедносната состојба во атарот на селото Бањска во општина Звечан, на северот на Косово, се уште е тензична, соопшти косовската полиција, наведувајќи дека во пукањето се убиени тројца членови на „криминалната група“.

„Полициските дејствија се спроведуваат според планови и настани на терен, реагирајќи во самоодбрана на напади врз полицајци, чии животи се загрозени. Според официјалните информации од теренот при размената на оган, потврдено е убиство на уште двајца напаѓачи, кои биле маскирани, униформирани и тешко вооружени, а потврдено е и апсење на униформиран и вооружен напаѓач. Како резултат на нападот, службеник на косовската полиција се здобил со претежно полесни повреди“, соопшти полицијата.

Се додава дека во текот на полициските акции на локацијата која напаѓачите ја користеле пронајдена е логиситчка опрема, сомнителни воени возила, воена униформа, како и оружје и муниција на различен калибар.

„Исто така, полициските единици во текот на објавувањето на рутинската контрола на возилата, на подрачје на селото Рударе, ишија од слобода четири осомничени лица кај кои е затекнато недозволено држење на радио апарат, а за кои се сомнева дека се поврзани со криминални групи. Сите детали на актите против нив ќе се преземат во соработка и координација со правосудните органи“, наведуваат од полицијата и додаваат:

„Досегашните официјални информации потврдуваат убиство на тројца напаѓачи, апсење на еден напаѓач, апсење на четвротица осомничени, како и идентификација на значителна количина на оружје, муниција и различна опрема. Косовската полиција продолжува да ги повикува криминалните групи за да им се предадат на правосудните органи и истовремено ги повикува граѓаните на соработка со органите за спроведување на законот, во интерес на смирување на ситуацијата и општата безбедност“, се наведува во соопштението.

Премиерот на Косово Албин Курти претходно денес одржа прес-конференција на која соопшти дека во дворот на манастирот во Бањска се наоѓаат 30 тешко вооружени лица и наведе дека не станува збор за цивили туку за воени и полициски лица. Утрово, во три часот по полноќ, на северот на Косово е убиен еден полицаец, а двајца се ранети.

TRT Balkan / агенции
Популарни