По повод годишнината од вооружениот напад на косовската полиција во Бањска, кај Звечани, косовскиот премиер Албин Курти го посети тоа место на северот на земјата и му оддаде почит на убиениот полицаец Африм Буњаку..
Во судирите во Бањска пред една година загина Буњаку, а потоа тројца вооружени Срби од групата предводена од Милан Радоичиќ.
Повеќето од одговорните за нападот се на слобода, освен тројца Срби кои се во притвор во Косово.
Се очекува судењето против обвинетите, а денеска на местото на нападот беше одбележана годишнината од убиството на косовскиот полицаец Африм Буњаку, чие име, според вчерашната одлука на Владата на Косово, го носи и името на една од улици во Бањска.
По повод годишнината од вооружениот напад, Курти ја обвини Србија за учество во насилството на северот на Косово и побара екстрадиција на Милан Радоичиќ и другите осомничени за нападот.
„Србија е одговорна, затоа Србија мора да сноси одговорност и за ова бараме помош од европските и американските фактори на демократскиот Запад, бидејќи Милан Радоичиќ и другите криминалци мора да бидат предадени на косовската полиција, косовските власти и да се соочат со правдата“, рече Курти.
Тој посочи дека косовската полиција е мултиетничка полиција и дека им служи на сите граѓани и оти, како што рече, „криминалците не можат да бидат слободни во демократско, независно и европско Косово“.
Тој додаде дека планот бил да се „подели“ Косово и да се анектира дел од територијата.
„Не беше залуден падот на Африм Буњак, напротив, тоа е голема победа за Косово во одбраната на целата наша територија. Косово е едно и неделиво“, рече Курти.