Курти: Ризикот од нов конфликт меѓу Косово и Србија е голем     Фото: АА (Архива)

Премиерот на Косово, Албин Курти, истакна дека ризикот од нов конфликт меѓу Косово и Србија е голем.

Курти во интервју за италијанскиот високотиражен весник „Ла Република“ говореше за тензиите меѓу двете земји во последните недели.

„Ризикот од нов конфликт меѓу Косово и Србија е голем. Особено откако светот виде што направи Русија со Украина, би било неодговорно ако кажам поинаку“, нагласи косовскиот премиер.

Косовскиот премиер Курти изјави дека Русија стои зад тензијата што ја имаа со Србија.

„Пред инвазијата на Украина, можностите беа мали, но сега ситуацијата е променета. Како резултат на идејата за фашистички панславизам на Кремљ, првиот дел се случи во Украина. На пример, доколку се случи втор дел тоа ќе биде во Трансднестар. Третата војна е многу веројатно да биде во Косово, особено во Западен Балкан“, истакна Курти.

Нагласувајќи дека во третата недела од август во Брисел ќе има состанок за општата ситуација на односите меѓу Косово и Србија, Курти рече: „Се надевам дека ова ќе помогне да се намалат тензиите.“

Меѓу другото, во интервјуто Курти истакна дека сака Косово да стане членка на НАТО, при што додаде дека тоа ќе придонесе за постигнување траен мир.

AA
Популарни