Специјалниот претставник Лајчак по состанокот изјави дека како дипломат смета дека е многу подобро барикадите на северот на Косово да се отстранат со политички договор, а не со булдожери. / Photo: AA

Премиерот на Косово Албин Курти се состана вчера со специјалниот претставник на Европската унија за дијалог на Косово и Србија Мирослав Лајчак и специјалниот претставник на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Специјалниот претставник Лајчак по состанокот изјави дека како дипломат смета дека е многу подобро барикадите на северот на Косово да се отстранат со политички договор, а не со булдожери.

Како што рече, не може да говори за деталите од разговорот со премиерот Курти, но рече дека ќе го посети Белград во обид за изнаоѓање на режение за кризата на северот на Косово.

„Имавме долга дискусија со премиерот Курти, разговаравме за бројни прашања и морате да разберете дека нема да изнесувам детали, бидејќи сме среде мојта мисија, бидејќи продолжуваме со состаноците во Белград, но ќе се состанам со командантот на КФОР и шефот на ЕУЛЕКС, за да ја слушнам нивната проценка на ситуацијата на теренот и ќе се обидеме да изнадеме можно решение, бидејќи ова не е добро и мислам дека не треба да чекаме да се случи нешто полошо“, нагласи Лајчак.

Тој додаде дека тензиите не се од помош за никого и дека нитуедна нормална личност не е среќна поради оваа ситиуација на северот. Рече дека нема со прст да посочува во некој виновник, туку „ќе дадеме сѐ од себе да изнајдеме најдобро решение“.

Специјалниот претставник Ескобар рече дека на состанокот со премиерот Курти е разговарано за ситуацијата на северот на Косово за да се изнајде решение за ублажување на настанатата ситуација. Во кусата изјава за медиуми, Ескобар рече дека на состанокот јасно го изнел ставот за Заедницата на општини со српско мнозинство, а тема на разговорот, како што истакна, беше и француско-германскиот предлог.

„Разговаравме за потребата сите да останат мирни и за потребата да се фокусираме на процесот на дијалогот кој го води ЕУ, но јасно ги ставивме на знаење и очекувањата дека треба да почнеме да разговараме за имплементацијата на Заедницата на општини со српско мнозинство, бев јасен. Така да се надеваме дека во блиска иднина ќе имаме решение во оваа кризна ситуација. Многу сум охрабрен што претставикот на ЕУ е тука и изразив поддршка за неговите напори да напредува во француско-германскиот предлог“, нагласи Ескобар.

Ескобар одделно се состана со премиерот Курти и претседателката Вјоса Османи, а оствари и состаноци со лидерите на опозицијата.

До посетата на Лајчак и Ескобар доаѓа во време на криза на северот на Косово, каде локалните Срби од 10 декември, ги држат блокирани магистралните патишта кај Звечан, Лепоставиќ и Зубин Поток, поради апсењето на Дејан Пантиќ, поранешен припадник на Косовската полиција, кој е осомничен за вмешаност во организирање напади на службениците на Централната изборна комисија (ЦИК) и Полицијата на Косово минатата недела. На Пантиќ му е одреден судски едномесечен притвор.

Косовската полиција во текот на вчерашниот ден соопшти дека безбедносната ситуација на северот на Косово е непроменета, како идека и понатаму се „присутни барикади на патиштата кои ги поставиле криминалните групи“ и дека и понатаму се затворени за движење двата гранични премини на северот на Косово, Јариње и Брњак.

TRT Balkan / агенции
Популарни