Лајчак: Во изминатите две недели фокусот беше на дијалогот Белград-Приштина /     Фото: Ројтерс (Архива) / Photo: Reuters Archive

Специјалнито пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, наведе дека изминатите две недели биле „вртлог од дипломатски напори“ насочени кон напредок во нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина и дека примарен фокус на изминатите 14 дена бил дијалог.

На Фејсбук, Лајчак, сумирајќи ги последните две недели, објави дека, иако немало договор за агендата на трилатералната средба на последната рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина во вторникот во Брисел, се разговарало за политички и технички прашања и дека „ беа презентирани важни чекори кои ќе ја водат „следната дискусија“.

„Во вторникот ги повикав и Косово и Србија во Брисел на одделни состаноци. Иако не успеавме да се договориме за агендата на трилатералниот состанок, разговаравме за политички и технички прашања и наведовме важни чекори кои ќе ја водат нашата следна дискусија“, напиша Лајчак.

TRT Balkan / агенции
Популарни