Дер Лајен е во четиридневна посета на Северна Македонија, Косово, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина / Photo: AA

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, по средбата со претседателката на Косово, Вјоса Османи, изјави дека Косово треба да го прифати нацрт-заедницата на општините со српско мнозинство, додека Србија да прифати „де факто“ признавање на Косово.

На заедничката прес-конференција со Османи, Фон дер Лајен рече дека изразила сочувство за убиениот косовски полицаец во Бањска на 24. септември и нагласи дека ваквите напади се целосно неприфатливи и дека сторителите мора да бидат изведени пред лицето на правдата.

Претседателотката на ЕК рече дека Косово бележи постојан напредок, особено во зајакнувањето на демократијата преку реформи, но дека има уште многу работа.

Таа посочи дека интеграцијата во ЕУ бара нормализирање на односите меѓу Косово и Србија и дека Приштина треба да формира Заедница на општини со српско мнозинство.

„Сите овие работи, чекорите напред и успесите можат да се случат само доколку Косово и Србија ги нормализираат своите односи. Има одредени области во кои двете страни треба да се вклучат, да соработуваат и го повикуваме Косово да ја покрене процедурата за прифаќање на Заедницата на општините со српско мнозинство, додека Србија да прифати „де факто“ признавање на Косово“, потенцираше Фон дер Лајен.

Зборувајќи за планот на Европската комисија, таа рече дека економиите на земјите од Западен Балкан мора да се приближат до европската економија, потсетувајќи дека веќе постои план вреден 30 милијарди евра за инвестирање во Западен Балкан, како што е градењето инфраструктура.

Таа посочи дека ЕУ сака да помогне во удвојување на приходите на економиите на земјите од Западен Балкан во следната деценија.

Дер Лајен изјави дека економијата на Косово е 27 отсто од просекот на економијата на ЕУ и дека има многу работа.

Османи, пак, рече дека е важно да се унапреди статусот на Косово во земја кандидат на декемврискиот состанок на Советот на ЕУ.

„Косово сега е подготвено за следниот чекор за кој работи секојдневно, целосна интеграција во евроатлантските институции. За иднината во ЕУ и НАТО тоа не е само цел, тоа е основниот мотив што го формира моќното дејствување на нашите институции“, потенцира Османи.

Таа ја истакна важноста ЕУ да ги отстрани казнените мерки против Косово, бидејќи косовските институции презедоа чекори за одржување нови избори на северот на Косово.

Османи посочи дека Косово е решено да го почитува својот Устав, кој им дава поголеми права на малцинските заедници отколку во другите европски земји.

Косовската претседателка зборуваше и за сеопфатниот план што денеска го презентираше дер Лајен, кој се заснова на четири столба и означува важен чекор кон интеграција на заедничкиот европски пазар.

Таа рече дека овој план, меѓу другото, предвидува поддршка од ЕУ преку зголемена финансиска помош за реформите кои мора да се преземат во процесот на интеграција.

Претседателката на Европската комисија е во четиридневна посета на Северна Македонија, Косово, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина.

AA
Популарни