Лавров ги повика балканските држави да не се приклучуваат на санкциите кон Русија, само, како што рече, за да исполнат одредени западни амбиции

Сите проблеми со кои се соочува Балканот потекнуваат од Западот, уште од времето на распаѓањето на поранешна Југославија, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров на

прес-конференција на маргините на 30. Министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје.

На прашањето дали има руска позадина врз бугарските напади врз идентитетот на Северна Македонија Лавров со контра-одговор дека проблемите за регионот влечат корени од Западот, односно по распадот на Југославија.

„Не сум голем експерт за македонско-бугарските односи, можам само да кажам дека луѓето во Македонија имаат целосно право да бидат еднакви во сите активности на нашиот заеднички континент. И не само за односите меѓу Бугарија и Македонија, туку за сите балкански земји, би рекол дека коренот на сите балкански проблеми лежи во однесувањето на западните сили, особено за државите од поранешна Југословија. Се сеќавам дека со години Македонија беше нарекувана Поранешна југословенска Република Македонија и ова беше понижувачко име, а знаеме и што се случи со името Северна Македонија, одговори Лавров.

Според него, во интерес на Западот беше да ја уништи Југославија.

„Западот отсекогаш сакаше да сврти една нација против друга на Балканот и тоа продолжува успешно да го прави и денес. Сепак, сигурен сум дека во текот на нивната долга, тешка, но славна историја, народите на балканските земји сепак развиле некаков генетски код во себе и дека на крајот нема да дозволат да бидат навредувани, нема да дозволат нашите западни колегите постојано да подбуцнуваат една земја против друга, еден народ против друг. Во БиХ видовме дека три народи можат заедно да живеат“, рече Лавров.

Тој рече дека ги охрабрува етничките групи на Балканот да живеат мирно и да ги сузбијат сите националистички амбиции. Ги повика и да не се приклучуваат кон санкциите кон Русија, само, како што рече, за да исполнат одредени западни амбиции.


TRT Balkan / агенции
Популарни