За Борел претстојниот самит е најважниот состнок на ЕУ и Западен Балкан / Photo: AA

Проширувањето на ЕУ е геостратешка инвестиција во мирот, безбедноста и напредокот, изјави високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел денеска пред почетокот на самитот на лидерите на Европската унија и земјите од Западен Балкан.

Борел истакна дека претстојниот самит во Брисел е најважниот состанок на ЕУ и Западен Балкан оваа година. Борел додаде дека тоа ги зајакнува врските на Унијата со регионот и ја подобрува соработката за надворешни и безбедносни прашања.

Во видеото објавено на Платформа Х пред самитот, Борел додаде дека Западен Балкан е од стратешко значење за Европската унија, како и дека Унијата смета на идните членки како сигурни партнери.

На средбата на лидерите на шесте земји од регионот во Брисел на самитот Европска Унија – Западен Балкан ќе доминираат теми за тоа како двете страни можат заедно и ефективно да одговорат на предизвиците во се покомплексниот геостратешки контекст.

TRT Balkan / агенции
Популарни