Апелациониот суд во Белград ја потврди првостепената одлука на Вишиот суд во Белград, со која беше одбиено барањето за условно ослободување на Милорад Улемек, познат како Легија, поранешен командант на Единицата за специјални операции, кој издржува казна за убиството на премиерот на Србија Зоран Ѓинѓиќ и уште три кривични дела.
Второстепениот суд смета дека ставот на првостепениот суд, кој го одбил барањето, е правилен бидејќи осудениот на денот на поднесувањето на барањето за условен отпуст немало отслужено две третини од казната затвор во траење од 40 години, објавено е на веб-страницата на судот.
Улемек на почетокот на ноември поднесе барање за условно ослободување.
Тој е осуден на четири максимални казни од 40 години затвор за организирање на убиството на премиерот Зоран Ѓинѓиќ, кривични дела на Земунскиот клан, четирикратно убиство на автопатот Ибарска, како и за убиство на Иван Стамболиќ и обид за убиство на Вук Драшковиќ.