Засега не е познат идентитетот на човекот, ниту мотивите за самозапалувањето / Photo: AA

Непознат маж се полеал со бензин и се запалил пред зградата на хрватската Влада на Марковиот плоштад во Загреб.

Самозапалувањето се случило утрово околу 9:30 часот.

Според хрватските медиуми, повредениот се наоѓа на Клиниката за трауматологија.

Тој е во тешка состојба и му е загрозен животот, а се спроведуваат мерки за интензивно лекување.

Лекарите од Клиниката за трауматологија соопштија дека мажот се здобил со изгореници од четврти степен речиси по целото тело и дека е во животна опасност и моментално е без свест.

„Ќе се обидеме да го спасиме“, рекоа лекарите, додавајќи дека прогнозата е лоша.

„Но, да му дадеме шанса на човекот“, додадоа и потврдија дека се работи за човек на возраст од 57 години.

Истражен тим на криминалистичката полиција од Клиниката за трауматологија ги зеле сите докази и остатоците од облеката што мажот ја носел во моментот кога се самозапалил.

Според очевидци, полицајци од Владата дотрчале со противпожарни апарати и го изгаснале човекот.

TRT Balkan / агенции
Популарни