Поранешниот претседател Месиќ, заедно со претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, присуствуваше на панел-дискусијата на Македонскиот енергетски форум што деновиве се одржува во Скопје.

Поранешниот претседател на Хрватска, Стипе Месиќ, изјави дека оној што мисли дека Косово може да се врати со војна, тој е изгубена личност.

Поранешниот претседател Месиќ, заедно со претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, присуствуваше на панел-дискусијата на Македонскиот енергетски форум што деновиве се одржува во Скопје.

Месиќ го поздрави одржувањето на Форумот, посакувајќи важните пораки што доаѓаат од овој Форум да бидат слушнати од оние што донесуваат одлуки.

Тој рече дека светот многу се променил од крајот на Втората светска војна, нагласувајќи дека светот е мултилатерален и дека веќе нема хегемонија.

Месиќ истакна дека за ова малите држави мора да соработуваат меѓу себе и на тој начин обединети да соработуваат со „големите играчи“.

Зборувајќи за Балканот, тој рече дека земјите од регионот имаат многу заеднички интереси, но нагласи дека независноста на државите по распадот на Југославија мора да се прифати и почитува.

„Некои сè уште не го разбираат ова. Проблемот, пред сè, е во Србија, кога е во прашање Косово. Многу е тешко ако водите политика каде што ретровизорот е насочен само кон историјата. А ние сме во ситуација да имаме многу историја по квадратен метар. Тоа е нешто што нѐ спречува затоа што гледаме само наназад, така што оваа политика кон Косово е тотално изгубена политика. Ако некој мисли дека Косово може да се врати со војна, тој е изгубен случај. Тој е изгубен случај од човек што се нашол во политиката и кој мисли дека Косово може да се врати со војна. Не може, оваа можност едноставно е исклучена!“, рече Месиќ.

Тој, исто така, истакна дека решенијата за проблемите треба да се најдат преку преговори, со почитување на официјалните институции и имајќи ја предвид новата реалност.

Претседателот Пендаровски, од друга страна, рече дека енергетските прашања отсекогаш биле предизвик и дека тие само се интензивирале со војната во Украина.

И Пендаровски ја истакна потребата од поблиска соработка меѓу државите од регионот, нагласувајќи дека ниту една од нив нема моќ сама да направи промени на глобално ниво.

„За која било препрека, проблем или предизвик во светот да се работи, државите од Западен Балкан мора да станат членки на пошироките асоцијации, пред сѐ, мислам на Европската Унија бидејќи самостојно, само со своите внатрешни ресурси, не можат да го решаваат овој тип проблеми", рече Пендаровски.

Во однос на евроинтеграциите, Пендаровски истакна дека пред неколку децении, пред војната во Украина, ЕУ изгубила интерес за интеграција на Западен Балкан во своите структури.

Тој повика на поитна акција од институциите во Брисел, потсетувајќи дека поддршката за членство во ЕУ опаѓа во сите земји од Западен Балкан, а особено во Северна Македонија.

AA
Популарни