Меѓународни хакерски групи ги таргетираат државните служби во регионот     Фото: TRT Balkan

Во дел од Владата на Црна Гора, земја членка на НАТО, компјутерите се исклучени, интернетот е исклучен и главните веб-страници на државата не се достапни. Причина е големиот сајбер напад врз малата балканска држава за која официјални лица за велат дека го носи белегот на проруските хакери и нејзините безбедносни служби.

Координираниот напад започна околу 20 август и ги осакати онлајн владините информативни платформи и ја стави на висок ризик основната инфраструктура на Црна Гора, вклучително и банкарството, системите за водоснабдување и електрична енергија.

Сајбер нападите не се изолирана појава во регионот, посебно во последните два месеци. Во рок од два месеца, четири земји од Западен Балкан, меѓу кои и три земји-членки на НАТО, се соочија со хакерски напади врз јавни институции.

Инфраструктурата и дигиталните услуги беа мета на напади преку интернет. Овие напади обично се прават со пренесување на вируси во електронските системи.

Сајбер нападите можат да бидат извршени од поединци, групи на луѓе или од самите држави. Пример за учество на држави во сајбер нападите против јавните служби на други држави е неодамнешниот случај меѓу Албанија и Исламската Република Иран.

Токму Иран, според властите во Албанија, е одговорен за сајбер нападот врз јавните институции што започна на 15 јули, а уште еден напад од истите агресори, според премиерот на Албанија, Еди Рама, е регистриран и во саботата (10 септември). Овој пат мета беше системот TIMS, кој го регулира влезот и излезот во Република Албанија и го сочинува јадрото на граничната контрола на земјата.

Меѓународни хакерски групи ги таргетираат државните служби во регионот     Фото: TRT Balkan

Албанија ги прекина дипломатските односи со Иран

Во соработка со специјализираните дигитални партнерски агенции за борба против тероризмот, институциите во Албанија утврдија дека Исламската Република Иран стои зад хакерскиот напад што започна на 15 јули годинава. Според премиерот на Албанија, Еди Рама, зад овој напад стојат четири групи. Меѓу нив, една од најозлогласените групи на меѓународниот кибернетички тероризам.

Како резултат на нападот врз Албанија, поточно врз јавните сервиси на платформата е-Албанија, годинава Министерството за образование и спорт беше принудено да го одложи рокот за пријавување во прво и десетто одделение на неопределено време. Под влијание на овие напади, Министерството за внатрешни работи на Албанија извесен период повторно ги отвори физичките шалтери на Граѓанскиот регистар.

Софистицирани напади врз Црна Гора

На серверите на Владата на Црна Гора во август годинава започна најсофистицираниот напад што некогаш се случил во оваа земја на Западен Балкан. Зад нападот врз дигиталната инфраструктура на Црна Гора, според Министерството за јавна администрација, стои криминалната група „Ransomware Cuba“.

Црногорските власти нагласија дека овие напади се состојат од комбинација на неколку различни методи на кибернетички напади. Раното откривање на нападот ѝ овозможи на Владата на Црна Гора да се погрижи клучните системи да останат заштитени.

Вредноста од вирусот што го нападна компјутерскиот систем на Владата на Црна Гора на „дарк веб“, како што соопштија властите, се движеше од 100.000 до 2,5 милиони долари.

Институциите на Косово имаат проблем со интернетот

Институциите на Косово минатата недела се соочија со привремени проблеми со интернет-сервисот во институциите на Република Косово. Тимот на секторот за кибернетичка безбедност при Агенцијата за информатичко општество, во соработка со надворешни експерти, утврдија дека проблемот со интернет-услугата е последица на кибернетичкиот напад. Портпаролот на Владата на Косово, Перпарим Криезиу, објави дека при нападот не било навлезено во инфраструктурата на државната компјутерска мрежа, бидејќи била блокирана од соодветната безбедносна опрема.

„Идентификувано е дека нападот дошол надвор од Косово, а целта била ИП-то каде биле објавени неколку веб-страници на институциите на Република Косово. Агенцијата за информатичко општество, поточно тимот за кибернетички безбедност, презеде конкретни активности со цел да се надмине овој кибернетички напад и да се врати во функција интернет-сервисот“, рече Криезиу.

Северна Македонија не е исклучена

И веб-страницата на Министерството за образование и наука во Северна Македонија не е во функција како резултат на хакерски напад од саботата. Раководителите на министерството, во соработка со други државни институции, најавија дека се работи на активирање на веб-страницата и дека податоците на граѓаните не се таму.

Покрај овој случај, во Северна Македонија лани беа регистрирани и напади врз Државниот завод за статистика, во време кога се развиваше процесот на попис на населението.

TRT Balkan
Популарни