Иницијативата „Отворен Балкан“ има многу недостатоци и не е комплетна. Нема побрз проток на луѓе и стоки од тоа кога ќе ги немаме границите кои за жал постојат денеска и за кои за жал сеуште спориме каде се наоѓаат во регионот, оцени денеска македонскиот премиер Христијан Мицкоски.
Мицкоски рече дека секоја регионална иницијатива што може да додаде вредност е добра, но оти работите мора да се гледаат реално.
„Ако веќе имаме таков тип на иницијатива, тогаш таа треба да е комплетна, а вака како што е, не е комплетна. На крајот од денот, целта на сите држави од регионот е членство во рамки на ЕУ, нема побрз проток на луѓе и стоки од тоа кога ќе ги немаме границите кои за жал постојат денеска и за кои за жал уште денеска спориме каде се наоѓаат во регионот,“ рече Мицкоски.