Односите со Туркије се значително подобрени од минатата година,истакна грчкиот премиер Кирјајкос Мицотакис говорејќи на јавната дебата со поранешниот американски амбасадор Даниел Спекхард, вчера во Советот за надворешни односи, истражувачки центар со седиште во Вашингтон. Според Мицотакис по три години турбулентни билатерални односи, работите се подобриле меѓу двата сојузници во НАТО.
Мицотакис истакна дека иако некои фундаментални турски позиции во однос на источниот Медитеран остануваат непроменети во услови на затоплување на односите двете земји подобро соработуваат во справувањето со нерегуларната миграција.
“Постигнавме договор што им овозможува на турските граѓани да патуваат на (некои) острови во Егејското Море преку шема за олеснување на визниот режим. Ова се меѓу позитивните чекори“.
За тековните тензии со Северна Македонија, Мицотакис рече дека новата влада на земјата го прекршува Договорот од Преспа од 2018 година.
„Еден од основните, ако не и најфундаменталните, аспекти на овој договор беше поврзан со тоа што името Северна Македонија се користи ерга омнес. И ова е нешто што е многу јасно и не може да се преговара за Грција. Кога слушам дека новата влада ја нарекува државата како Република Македонија во земјата, имам сериозна загриженост“, рече тој.
На 28 јуни, грчкото Министерство за надворешни работи ја обвини Северна Македонија за иредентизам, велејќи дека нејзиното раководство се оддалечува од добрососедските односи по објавата на социјалните мрежи на претседателката Гордана Силјановска во која таа рече дека се сретнала со делегација на етнички Македонци од „Егејска Македонија“ алдирајќи на северниот грчки регион Македонија.
Со договорот од Преспа се предвидуваше промена на името на државата во Северна Македонија што го отвори патот за нејзино зачленување во НАТО.