Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во неделата ја повтори важноста од повторно отворање канали за комуникација и промовирање на позитивна агенда со Туркије.
„Грција не ја промени својата стратегија кон Туркије, но мојата желба беше да можам да разговарам со Туркије за нашите прашања да се решат врз основа на меѓународното право и работите да не се доведуваат во крајност кога не се согласуваме“, рече Мицотакис за време на прес-конференцијата што ја одржа на маргините на 87. Меѓународен саем во Солун.
Тој, сепак, додаде дека единствениот проблем за кој Грција е подготвена да разговара со Туркије е разграничувањето на поморските граници.
Прашањата за суверенитетот нема да бидат теми на преговори, како и прашањата за островите во источниот дел на Егејското Море, истакна Мицотакис.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и Мицотакис се сретнаа во јули за време на самитот на НАТО во Вилнус, Литванија, а средбата беше поздравена како позитивна пресвртница од двете земји.
Лидерите повторно ќе се сретнат на 20 септември во Њујорк, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации.
Во декември во Солун се очекува да се одржи нова рунда разговори на Советот за соработка на високо ниво меѓу Туркије и Грција.