Весиќ заминува од функцијата министер за градежништво, транспорт и инфраструктура во Владата на Србија / Photo: AA

Горан Весиќ, министер за градежништво, транспорт и инфраструктура во Владата на Србија денеска поднесе оставка. Министерот поднесе оставка по несреќата со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад при која загинаа 14 лица, а 3 беа повредени.

„Оваа позиција ја напуштам со чиста совест и горд на резултатите кои остануваат зад мене како и тимот на Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура што работеше со мене. Работев со голема почит и одговорност кон граѓаните, како како и во најдобра вера исклучиво во интерес на Србија“, рече Весиќ, пренесуваат српските медиуми.

Весиќ рече дека не може да ја прифати вината за смртта на 14 лица кои настрадаа од уривањето на настрешницата на железничката станица, додавајќи дека ниту тој ниту луѓето кои работат со него не сносат трошка одговорност за трагедијата што се случи.

„Давам оставка како одговорен човек кој со личен пример сака да покаже дека во денешна Србија има морална одговорност бидејќи во ресорот што го раководам се случи ваква страшна несреќа, рече Весиќ.

Српскиот премиер Милош Вучевиќ изјави дека ќе ја прифати оставката на Весиќ.

TRT Balkan / агенции
Популарни