Министерот за надворешни работи на Туркије Хакан Фидан се состана денес во Подгорица со црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ.
Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан во Подгорица вчера присуствуваше на отворањето на Турската стопанска комора во Црна Гора.
Фидан, кој вчера пристигна во дводневна официјална посета на Црна Гора, учествува на денешниот Самит на Процесот за соработка во Југоисточна Европа што се одржува во Подгорица.
На самитот ќе биде усвоена заедничка Декларација, усвоена на состанокот на министрите за надворешни работи во Будва на почетокот на јуни.
Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) е регионална рамка за соработка формирана во јуни 1996 година, со цел промовирање и зајакнување на добрососедските односи меѓу земјите од Југоисточна Европа.
Членки на ПСЈИЕ се: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Грција, Хрватска, Северна Македонија, Молдавија, Романија, Словенија, Србија, Туркије и Косово. Извршното тело на ПСЈИЕ – Советот за регионална соработка (RCC), вклучува 46 земји, организации и меѓународни финансиски институции.
Претседавањето со ПСЈИЕ од Црна Гора на 1 јули го презема Северна Македонија.