Министерот за образование на Србија поднесе оставка / Photo: AA

Министерот за образование во Владата на Србија Бранко Ружиќ поднесе неотповиклива оставка до претседателката на Владата на Србија Ана Брнабиќ.

„Во молкот на тридневната национална жалост, како одговорен и воспитан човек, професионалец во вршењето на сите досегашни јавни должности, како родител и граѓанин на Република Србија, која секогаш ми е на прво место, а согласно член 23 од Законот за Влада, во овие околности донесов рационална и чесна одлука. Поднесувам неотповиклива оставка од функцијата министер за образование во Владата на Република Србија“, изјави Ружиќ во писмо испратено од Брнабиќ.

Во писмото, меѓу другото, додава дека премиерката била запознаена за фактот дека ја понудил својата оставка уште на денот кога се случи трагедијата во Белград.

Тој нагласи дека лично, во рамките на Социјалистичката партија на Србија, ќе продолжи „да се бори уште порешително, со чист образ и со љубов кон развиена, национално горда, општествено праведна, меѓународно почитувана Србија, со европски вредности.“

„Оставката е личен, а не политички чин, во развиените демократски општества е карактеристика на силата, аво нашиот регион, многу често карактеристика на слабоста. Нека суди јавноста“, наведе Ружиќ.

Во трагедијта во Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград тринаесеттгодишно дете, ученик во седмо одделение во тоа училиште, во средата со огнено оружје уби осум ученици и лице за обезбедување о училиштето, а рани шест деца и учителка.

TRT Balkan / агенции
Популарни