Дојава за бомби во зградата на МНР на Северна Македонија / Photo: AA Archive

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија објави дека „најостро ги осудува денешните ракетни напади на руската армија врз Киев.“

„Воедно, информираме дека при нападот е погодена и критичната инфраструктура во Голосеевскиот реон, вклучително и зградата каде што се сместени шест амбасади, меѓу кои и Амбасадата на Република Северна Македонија“, соопштија од МНР.

Оттаму информираат дкеа при нападот нема повредени меѓу дипломатскиот персонал, но е причинета материјална штета на Амбасадата.

Од страна на надлежните служби извршен е првичен преглед на штетите на лице место и веќе се работи на нивно санирање.

TRT Balkan
Популарни