Ранет мигрант на возраст од околу 20 години пронајден е на подрачјето на Хоргош на границата на Србија со Унгарија.
Информацијата ја соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија, кое објави дека по пријава дека по улица се движат мигранти и пукаат едни во други на подрачјето на Хоргош ( граничен премин од Србија кон Унгарија), полицијата, заедно со Жандармеријата, синоќа започнала со детална потрага на терен и на лице место затекнале шест мигранти, меѓу кои еден на возраст од околу 20 години со две прострелни рани во градите.
„Во текот на ноќта до утрово, полицијата и Жандармеријата во Полициската управа Кикинда привеле повеќе лица за кои се сомнева дека имаат врска со пукањето, но и илегално криумчарење на мигрантите, а оваа акција ќе продолжи во наредниот период“, соопшти МВР на Србија.
Како што е соопштено, пребарувањата на теренот ги започнале припадниците на Министерството за внатрешни работи на Србија, од ударните оперативни групи од Кикинда и Суботица, како и од овие полициски управи, заедно со Жандармеријата.
Со цел побрзо пронаоѓање на лицата осомничени за пукањето, во текот на истрагата, се користат дронови, информираат од ресорното министерство.
25 ное 2022
МВР на Србија: На подрачјето на Хоргош ранет мигрант
По претходна пријава дека по улица се движат мигранти и пукаат едни во други на подрачјето на Хоргош, полицијата на лице место затекнала шест мигранти, меѓу кои еден ранет.
TRT Balkan / агенции
Поврзани новости
Османи во Собранието на Косово: По секоја цена ќе ја браниме нашата граница
Косово продолжува да се соочува со нефер мерки кои директно ги засегаат интересите на граѓаните, од друга страна, со невоведувањето мерки кон Србија, таа земја, за жал, само се охрабрува да продолжи со насилство, рече Османи
Написи во тренд во оваа категорија
ЕБОР ја потврди прогнозата за економски раст на Србија од 4 % за 2025/26 г.
Банката наведува дека значајните капитални инвестиции поврзани со Експо 2027 може да го поттикнат економскиот раст, но предупредува на глобалните геополитички тензии, што може негативно да влијаат на извозот и приливот на директни странски инвестиции
Хрватската економија лани забележала раст од 3,8 отсто
Ако го погледнеме кумулативниот економски раст од почетокот на 2021 година, Хрватска има втор најголем реален раст во ЕУ, над 25 %, веднаш зад економијата на Малта, која во истиот период порасна за повеќе од 35 %, изјави хрватскиот премиер Пленковиќ
Фидан: Туркије целосно го поддржува територијалниот интегритет на БиХ
Проблемите треба да се решаваат со дијалог, а фактот што албанскиот пешадиски вод ќе служи во рамките на турската единица во БиХ е конкретен пример за турско-албанската соработка, рече Фидан по средбата со албанскиот колега Хасани
Што друго би сакале да знаете?
Популарни