Најмалку тројца загинаа во експлозија во фабрика за оружје во Бугарија

Најмалку тројца загинаа во експлозија во фабрика за оружје во Бугарија

Експлозијата беше многу силна, испарувања се проширија за неколку минути, велат очевидци
Минатата година работник загина во пожар што избувна во истата фабрика.             Фото: Ројтерс

Во експлозија во складиште за муниција во Бугарија загинаа најмалку тројца, а повредени се уште тројца работници, јавуваат локалните медиуми.

Очевидци рекоа дека експлозијата во фабриката за оружје „Арсенал“ во градот Казанлак во централна Бугарија била многу силна и испарувањата се прошириле за неколку минути.

Противпожарните екипи се распоредени на местото на несреќата и е започната истрага за инцидентот.

Минатата година работник загина во пожар што избувна во истата фабрика.

Во последните години, 20 лица загинаа во неколку несреќи што се случија во фабрики за оружје и складишта за муниција низ Бугарија, вклучувајќи ги областите Казанлак, Горни Лом, Ловнидол, Петоличка, Костенец, Маглиж и Игоново.

AA
Популарни