Претставниците на Србија и Косово повторно на преговарачка маса / Photo: AA

Средба на главните преговарачи за нормализација на односите меѓу Србија и Косово ќе се одржи денеска во Брисел.

Портпаролката на Европската унија (ЕУ) Анита Хипер изјави дека страните го потврдиле присуството и ќе разговараат за повеќе прашања, вклучително и спроведувањето на Договорот за патот кон нормализација.

Косовскиот вицепремиер Бесник Бислими и главниот српски преговарач Петар Петковиќ последен пат се сретнаа во октомври оваа година, а средбата заврши без резултати.

Воедно, тоа ќе биде меѓу последните средби во рамките на дијалогот што ќе го организира специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак, чиј мандат истекува на крајот на јануари 2025 година. Засега не се знае кој ќе го наследи Лајчак во тоа позиција.

Белград и Приштина минатиот март потпишаа договор за патот кон нормализација на односите во Охрид, Северна Македонија, но не го спроведуваат. Оттогаш, односите меѓу двете земји се дополнително затегнати, а ситуацијата на северот на Косово, каде живее мнозинско српско население, исто така неколку пати се влоши.

Високата претставничка на Унијата за надворешна политика Каја Калас по неодамнешната средба со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти изјави дека единствениот пат за членство во ЕУ е преку нормализација на нивните односи врз основа на Охридскиот договор.

TRT Balkan / агенции
Популарни