Фундаменталната перспектива на земјите од Западен Балкан е членството во Европската Унија, велат лидерите / Photo: AA

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, изјави дека самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел е добра можност да се разговара за проширувањето на Европската унија.

Пред почетокот на самитот, Милатовиќ рече дека дошол во Брисел за да ги претстави сите чекори што Црна Гора ги направи во последните месеци во контекст на евроинтеграциите, формирањето нова влада и именувањата во правосудството.

„Црна Гора е најнапредната од сите земји кандидати и се надеваме дека ќе видиме некои големи позитивни резултати од Европската Унија и ќе го забрзаме процесот. Се надеваме дека Црна Гора може да стане нова членка на Европската унија до 2028 година“, рече Милатовиќ.

Црногорскиот претседател рече дека ќе се залага за принципот секоја земја да има своја динамика на интегративниот процес во однос на сопствените заслуги.

И претседателката на Косово, Вјоса Османи-Садриу, рече дека самитот ЕУ-Западен Балкан е исклучително важен состанок на кој денеска и утре „ќе разговараме како да го придвижиме регионот напред“.

„Фундаменталната перспектива на земјите од Западен Балкан е членството во Европската Унија, нагласи Османи-Садриу.

Таа најави дека Косово го продолжува процесот на интеграција и одбрана на заедничките вредности врз кои е основана Европската унија.

„Дојдов со неколку пораки и го претставувам народот на Косово. Најпрво ќе ги повикам европските лидери итно да ги укинат неправедните и непропорционални мерки против Косово кои беа воведени поради настаните во мај. Косово ги презеде сите мерки за деескалација на ситуацијата и верувам дека ЕУ позитивно ќе одговори и ќе ги укине оние мерки што им штетат на сите луѓе на Косово“, рече Османи-Садриу.

Таа истакна дека самитот се одржува во време на големи пресврти во светот и дека е суштински важно да се разговара за зачувување на мирот, безбедноста, развојот и проширувањето на ЕУ.

Лидерите на шест земји од Западен Балкан се собраа во Брисел на самит со лидерите на ЕУ, на кој се очекува да се фокусираат на потенцијалните заеднички одговори на предизвиците во сè покомплексен геостратешки контекст.

AA
Популарни