Организаторите на протестот побараа, меѓу другото, оставка и кривична одговорност од одговорните за уривањето на настрешницата / Photo: AA

Повеќе од четири часа траеше вчерашниот протест во Нови Сад поради несреќата што се случи во петокот на 1 ноември, кога при пад на настрешницата на Железничката станица загинаа 14 лица.

Протестот, кој започна со едноминутно молчење за жртвите во несреќата, ескалираше од мирен протест со прошетка на плоштадот Слобода кога беше демолирано Градското собрание, односно маскирани луѓе со стапови и камења го искршија влезот, вратите и прозорци, а уништени се камерите за надзор.

Организаторите на протестот се оградија од сторителите на тие инциденти, а набрзо учесниците на протестот се оддалечија од маскираните напаѓачи кои продолжија да го напаѓаат влезот на Градското собрание, а потоа се судрија со полицијата во блиската улица Модена.

По пристигнувањето на претседателот на Србија, Александар Вучиќ во Нови Сад, кој зборуваше пред просториите на месниот комитет на СНС, ситуацијата во центарот се смири, а дел од учесниците на демонстрациите се упатија кон просториите каде Вучиќ зборуваше и влезе во вербална расправа со насобраните поддржувачи на прогресивците, а ситуацијата беше на работ на физичка пресметка.

Организаторите на протестот побараа, меѓу другото, оставка и кривична одговорност од одговорните за уривањето на настрешницата на железничката станица во која загинаа 14 лица, а најмладата жртва има шест години и најавија дека протестите ќе се преселат во Белград, ако нивните барања не се исполнат.

Вечерашниот протест беше еден од најголемите, ако не и најголем во Нови Сад, во изминатите неколку децении.

AA
Популарни