Косовската полиција оцени дека класичното киднапирање на тројца косовски полицајци од страна на српските сили се случило денеска, длабоко на територијата на Косово, во пограничниот појас.
Портпаролот на косовската полиција мајор Баки Келани на вонредна прес-конференција рече дека ваквите класични киднапирања српските сили ги користат за заштита на криминалците кои ги бара косовската полиција. Тох изнесе детали за тоа како настанал случајот, истакнувајќи дека полицајците ги извршувале своите должности длабокот на територијата на Косово.
„Единицата на граничната патролна полиција дежурала на статична локација, на место викано Тресаве/Баре, длабоко на територијата на Република Косово. Своите службени должности ги вршеше за да спречи илегални премини, да ги спречи криминалните групи кои користат нелегални патишта во тие области, да ги спречи криминалните групи кои шверцуваат и увезуваат разни стоки во Косово, вклучително и сомнително оружје“, нагласи Келани. На конференцијата за медиумите беше прикажана картата на местото од кое полицајците се киднапирани.
Келани рече дека тројцата полицајци кои дежурале на статичното место ја известиле базата дека забележале маскирани и вооружени лица, но на местото пристигнале дополнителни полициски екипи кои пронашле само полициско возило, но не и полицајци.
„Српските сили користат вакви класични киднапирања со цел да ги заштитат криминалците кои ги бара косовската полиција, кои се вклучени во разни криминални дејствија и кои го нарушиле уставниот поредок на Република Косово и кои се заканувале и на офицерите на единиците на КФОР, но и официјални лица кои се под меѓународна заштита“, нагласи Келани.
Портпаролот на полицијата рече дека српските сили користеле киднапирања во минатото како метод за заштита на криминалците, потсетувајќи на киднапирањето на двајца полицајци во 2011 година.
Келани посочи дека КФОР и меѓународните механизми се информирани и од нив се бара да извршат притисок врз Србија да ги ослободи полицајците.
Претходно, косовскиот премиер Албин Курти ја обвини Србија за киднапирање на тројца косовски полицајци, наведувајќи дека тоа е одмазда на Србија за вчерашното апсење на Милун Миленковиќ - Луне, кој, како што наведе, претставува еден од водачите на организираниот криминал и шверц на северот на Косово.
Косовскиот премиер бара итно ослободување на тројцата киднапирани полициски службеници и ги повикува меѓународните фактори да го осудат овој чин на српска агресија.
Србија: Косовските полицајци уапсени на територијата на Србија
Државниот секретар на Министерството за внатрешни работи на Република Србија Жељко Бркиќ на вонредна прес-конференција во Палатата Србија изјави дека припадниците на Министерството за внатрешни работи, Антитерористичка група на Специјалната полициска единица, денеска „лоцирале и уапсиле тројца припадници на косовската полиција на територијата на Србија.“
„Во Административната зона кон АП Косово, далеку во длабочината на територијата на централна Србија, припадниците на Министерството за внатрешни работи, Антитерористичката група на Специјалната полициска единица лоцирале и уапсиле тројца припадници на т.н. Косовска полиција. Сите тројца уапсени биле во полна воена опрема, вооружени со три автоматски пушки, муниција, ГПС уреди, мапи и друга опрема. Тројцата припадници на т.н. Косовска полиција со иницијали Р.З., Б.С. И М.Ш. Со службено возило со марка „Дачија дастер“ дошле до алтернативниот премин Тресава-Батњик, оставија возило и продолжија пешки преку патниот правец Орахово-Гњилица, каде се лоцирани и уапсени од страна на Антитерористичката група на посебната единица на полицијата на Министерството за внатрешни работи“, рече Бркиќ. Тој нагласи дека местото на апсење било во регионот на селото Гњилица, општина Рашка, на повеќе од еден километар во длабочина на територијата на централна Србија.
„Нагласувам дека Република Србија е сериозна држава и припадниите на Министерството за внатрешни работи ниту во еден момент не преминаа, не беа блиску до административната линија и со самото тоа не ја прекршија Резолуцијата 1244 како ниту воено-техничкиот договор, не преземаа ниеден противправен акт во текот на постапувањето кон уапсените лица“, порача државниот секретар Бркиќ, додавајќи дека полицијата е во соработка со надлежното обвинителство и ќе продолжи на тоа понатаму да работи.