Пендаровски со честитки по повод 100-годишнината на Република Туркије / Photo: AA Archive

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, упати срдечни честитки по повод 100-годишнината од основањето на Република Туркије.

Тој упати честитки до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со желби за просперитет и благосостојба на Република Туркије и турскиот народ.

„Уверен сум дека врските на пријателство, разбирање и соработка ќе продолжат да јакнат и да се развиваат и во иднина“, порача Пендаровски преку платформата Х.

„Турција е наш долгогодишен стратешки партнер со којшто споделуваме заеднички ставови по многу прашања од билатерален и од поширок интерес“, додаде Пендаровски во честитката.

Во Република Туркије со бројни манифестации, програми и активности одбележан е 29 Октомври, Денот на Републиката, и 100-годишнината од прогласувањето на Република Туркије.

Националниот празник, Денот на Републиката, во Туркије се одбележува во знак на сеќавање на прогласувањето на Република Туркије во 1923 година. Републиката ја прогласи војсководецот Мустафа Кемал Ататурк, кој потоа беше избран од Големото народно собрание на земјата за прв претседател на современа Туркије.

TRT Balkan / агенции
Популарни