Пет факти за 28 Септември - Меѓународниот ден на Бошњаците / Photo: AA

Бошњаците во земјите од регионот и во светот го одбележуваат Меѓународниот ден на Бошњаците - 28 септември.

Зошто се одбележува Денот на Бошњаците и кое е неговото значење?

Првиот бошњачки сабор или Себошњачкиот сабор се одржа во главниот град на Босна и Херцеговина, во тогаш опколеното Сараево, на 27 и 28 септември во 1993 година, во организација на Советот на Когнресот на бошњачките интелектуалци.

Историска важност

Овој настан е историски важен за Бошњаците поради усвојување на Декларацијата за враќање на историското национално име Бошњак, наместо дотогашниот назив Муслиман и историскиот назив на мајчиниот босански јазик на задедавањето на Првиот бошњачки сабор. Националниот назив Бошњак е прифатен и признаен со Дејтонскиот договор од 14 декември во 1995 година. По првиот, одржан е и Вториот бошњачки сабор на 18 јули во 1994 година.

Во Босна и Херцеговина, според конечните резултати од пописот на населнието од 2013 година, во земјата живеат 3.531.159 постојани жители, а како Бошњаци се изјаснија 50,11 отсто од вкупното население или 1.769.592 жители. Според податоците на Обединетите нации БиХ е втора во светот според големината на дијаспората во однос на вкупното население. Податоците на Обединетите нации покажуваат дека 34% од популацијата на БиХ е дијаспора.

Во поглед на одбележувањето на Денот на Бошњаците, во 2017 година, овој национален празник на Бошњаците во Босна и Херцеговина е одбележан првпат во Сараево во 2017 година со свечена академија во сараевската Вијеќница. Како се одбележува Денот на Бошњаците во регионот? Во сите соседни држави каде живеат Бошњаците и каде имаат свои национални бошњачки совети, бошњачки здруженија и организации, со свечани академии и информативно-културни настани го одбележуваат овој нивен национален празник со цел да потсетат на историската важност на Првиот бошњачки сабор, но и да ги артикулираат прашањата што ги засегаат Бошњаците како етничка заедница.

28 септември прогласен за Ден на Бошњаците во РСМ во 2007 година.

Со измените на Законот за празници, на 8. февруари 2007 година во македонското Собрание, 28 септември е прогласен е за Ден на Бошњаците во земјата. Овој ден е неработен за припадниците на бошњачката заедница. Според последниот попис на населението од 2021 година, во Северна Македонија живрат 16.042 Бошњаци, односно 0,87 % од вкупното население.

БНС во Србија го прогласи 28 септември за Ден на Бошњаците во 2019 година

Денот на Бошњаците низ годините наназад се одбележува и во Србија, а Бошњачкиот национален совет (БНВ) во јуни 2019 година донесе одлука со која 28 септември го прогласува за Денот на Бошњаците во Република Србија. Резултатите од пописот на населението во Србија од минатата година покажуваат дека во земјата живеат 153,801 Бошњаци или 2,31% од вкупното население на Србија.

Со тркалезна маса во Владата на Косово, но и со неколку други настани од јавен карактер, како изминатите години, така и оваа година во Косово се одбележува Денот на Бошњаците. Со Законот за празници усвоен на 28 мај во 2008 година, започна официјалното одбележување на овој бошњачки празник. Според последниот попис од 2011 година, во Косово живеат околу 27.000 Бошњаци.

Овој ден се одбележува и во Црна Гора каде Бошњаците сочинуваат 8,65 отсто од вкупното население. Во организација на Канцеларијата за координација на бошњачките совети и организации од регионот, во Подгорица се одржа свечена академија по повод Меѓународниот ден на Бошњаците.

Во Хрватска според податоците на Државниот завод за статистика, од Пописот на населението од 2021 година, во земјата живеат 24.121 припадници на бошњачката заедница. Денот на Бошњаците во Загреб официјално се одбележува од 2019 година на иницијатива на Советот на бошњачкото национално малцинство на Градот Загреб.

TRT Balkan
Популарни