Повеќе основни и средни училишта во Подгорица евакуирани се денес поради дојава за поставени бомби.
Дојавите за бомби се испратени преку е-мејл. Дојава дека е поставена бомба стигна во Средното стручно училиште „Спасоје Распоповиќ“, Гимназијата „Слободан Шкеровиќ“, основните училишта „Саво Пејановиќ“, „Миодраг Муса Бурзан“, „Максим Горки“, „21.мај“, „Сутјеска“, „Бранко Божовиќ“, „Штампар Макарије“, „Вук Караџиќ“, „Октоих“ и „Павле Ровински“.
Раководствата на училиштата ги известиле учениците и родителите дека денес нема да има настава.
Министерството за образование веднаш по добивањето на информацијата за поставените бомби ги повика сите основни и средни училишта и даде препорака учениците и вработените да ги напуштат училишните објекти и за сите активности да ја известат Управата на полицијата.
„Имајќи в предвид дека и во претходниот период имавме прилика да се соочуваме со дојави од овој вид, кои за среќа беа лажни, Министерството апелира на смирено и прибрано постапување на сите граѓани, како и во претходните случаи. Во согласност со препораките на Управата на полицијата, јавноста ќе биде благовремено известена за одржување на наставата во втора смена“, соопштено е од Министерството за образование на Црна Гора.