Празници и неработи денови: Кој во регионот најмногу одмара?     Фото: TRT Balkan

Кој на Балканот најмногу работи, а кој најмногу одмара? Ова прашање неретко е предмет на дискусија во земјите од регионот, во кои се одбележуваат бројни верски, државни и традиционални празници.

ТРТ Балкан истражи колку неработни денови има секоја од земјите од Западен Балкан и каде граѓаните најмногу одмараат, а каде најмалку во текот на календарската година.

Северна Македонија 28 неработни денови

Со вкупно 28 неработни денови во текот на календарската 2023 година, во кои се вклучени државни, верски, но и други празници, Северна Македонија е на првото место во земјите од регионот, кога станува збор за бројот на неработни денови. Меѓу нив се државни и верски празници, но и национални денови на етничките заедници во земјата, на оние припадници на заедниците кои во Уставот се наведени како конститутивни, меѓу нив Албанци, Турци, Бошњаци, Срби, Роми и Власи.

Црна Гора и Косово со по 21 неработен ден

По Северна Македонија, следуваат Црна Гора и Косово каде граѓаните имаат по 21 неработен ден поради различни празници. Според црногорскиот Закон за државни и други празници, сите празници во Црна Гора се празнуваат два дена, а неработни се и главните верски празници. Доколку празникот се паѓа в недела, неработни се двата наредни денови. Доколку втор празничен ден е недела, неработен е првиот нареден ден.Државјаните на Косово имаат вкупно 21 неработен ден поради празниците. И во Косово, етничките заедници како неработни денови ги имаат своите национални празници кои ги празнуваат неработно.

Кој во регионот најмногу одмара? TRT Balkan

Во Србија во календарската година има вкупно 19 неработни денови по основ државни и верски празници. Исто така, во Србија има и пет различни празници кои се празнуваат работно.

Во БиХ 18 неработни дена поради празниците

Државјаните на Босна и Херцеговина имаат 18 неработни денови поради празниците. Покрај празниците кои во Федерацијата на Босна и Херцеговина се одбележуваат како државни празници, со Законот за работа е утврдено правото на работникот да отсуствува од работа четири работни дена во текот на една календарска година поради задоволување на неговите верски односно традициски потреби, со тоа што отсуството од два дена може да го користи како плателно отсуство, а два дена како неплатено отсуство.

Албанија и Хрватска со најмалку празници

Споредено со другите земји од регионот, најмалку неработни денови по основ на празници имаат државјаните на Албанија и Хрватска.

Според официјалните податоци 14 неработни дена поради празниците во текот на 2023 година имаат државјаните на Албанија. Исто толку неработни дена поради државни и верски празниците во текот на годината имаат и државјаните на Хрватска, единствената земја од регионот членка на Европската Унија.

TRT Balkan
Популарни