Придобивките од признавањето на дипломите на Балканот / Photo: Reuters



Лидерите на ЕУ и врвните функционери од Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Албанија се состанаа на Самитот на Берлинскиот процес на 3 ноември каде потпишаа три договори за заемно признавање на личните карти, универзитетските дипломи и професионалните квалификации.

Најважните договори кои влијаат на иднината на студентите и младите се меѓусебното признавање на дипломите за високо образование и професионалните квалификации на лекарите, стоматолозите и архитектите.

ТРТ Балкан детално го покрива прашањето за признавањето дипломи преку интервју со главните актери: РСС, РКМЦ и универзитетите.

Голем чекор напред

Овој важен развој беше објавен од Регионалниот совет за соработка (РСС) пред Самитот во Берлин. РСС објави дека студентите нема да треба да плаќаат до 500 евра за да им се признаат дипломите во регионот. Дополнително, лекарите, стоматолозите и архитектите можат да работат без бариера во Западен Балкан.

Мајлинда Брегу, генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС) го објаснува ова решение за ТРТ Балкан.

„Не само што ова е голем чекор напред во мобилноста на нашите шест мали пазари на трудот, туку е и сигнал за способноста на регионот да ја исполни својата Европска определба додека регионот се уште е во чекалната за членство.“, вели таа.

Додава дека взаемното признавање на универзитетските дипломи е еден од вкупно шесте договори за мобилност на кои Западен Балкан се обврза.

„Тоа се случи во ноември 2020 година во Софија, на Самитот на Западен Балкан, кога регионот одлучи да преземе одредени чекори кон опиплива трансформација на регионот. И сето ова е сумирано во Акциониот план за заеднички регионален пазар (ЗРП).“ додава Брегу.

Придобивки од укинување на бариерите со признавање диплома:

Задоволство во образованието

Заедничката студија на Обединетите нации и Регионалната канцеларија за младинска соработка (РКМС) наречена „Заеднички иднини: младински перцепции за мирот во Западен Балкан“ споделува ставови од повеќе од 5.400 млади луѓе на возраст од 15-29 години од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.

Според оваа студија, учениците од целиот регион ги рангирале училиштата и универзитетите во просек со 3 од 5.

Незадоволството од образовниот систем во регионот се движи од 16% до 40%. На пример, 40 проценти од испитаниците не биле задоволни од образовниот систем во Северна Македонија, Босна и Херцеговина (33%), Косово (30%), Црна Гора (25%) и Албанија (23%), Србија (16%).

Со овој договор овие бројки може да се променат во иднина.

Мајлинда Брегу вели:

„И универзитетите и студентите ќе имаат корист од заедничките правила и процедури за признавање на високообразовните квалификации, мобилноста на студентите и академскиот кадар.“

Алберт Хани, генерален секретар на Регионалната канцеларија за младинска соработка (РКМС), вели за ТРТ Балкан;

„Дипломата е верификација на знаењето и современиот свет не може да направи ништо за да ја спречи мобилноста на знаењето. Со овој договор ја признаваме моќта на знаењето. На пазарот не му е важно кој сте, туку се грижи што можете да внесете со вашето знаење.“

„За да придонесе образовниот систем во регионот со помош на овие договори, РКМС сега ги поврзува училиштата низ регионот преку програмата „Супер училишта“, поддржана од ЕУ. Студентите на таква програма ќе имаат предности да бидат поконкурентни на пазарот на трудот,“ додава Хани.

Нула трошоци

Во моментов во регионот, признавањето на таквите документи може да ги чини студентите и сопствениците од околу 200 до 500 евра. Со овој договор тој трошок ќе биде нула.

Мајлинда Брегу објаснува за ТРТ Балкан дека договорот со кој се предвидува отстранување на давачките за (взаемно) признавање на дипломите е големо подобрување со оглед на високите стапки што ги плаќаа.

„Сепак, овој договор е многу победничка ситуација за регионот, секторот и младите.“, вели таа.

„Краткорочните решенија, како што се потенцијалните финансиски добивки добиени за скапо признавање на дипломите, не можат нѝ да се натпреваруваат со долгорочните добивки во човечки капитал и на крајот финансиски, како и со нивното учество во трудот/образованието или какви било други активности во општеството примател, додава Брегу.

Силна регионална мобилност

Интрарегионалната мобилност, движење во рамките на еден регион, а не во поразвиените земји, е многу важна за развојот на балканските земји.

„Нашата цел е да обезбедиме повеќе и подобри можности за студентите од регионот во регионот. Сакавме да ги задржиме студентите во регионот, дома, да го промениме одливот на мозоци, да создадеме средина за да ги задржиме квалификуваните луѓе.“, вели Брегу.

Додава дека на крајот, тоа е нивен избор.

„Можностите во регионот со овој договор ќе бидат многу попривлечни бидејќи бараат многу помалку административни пречки, време и трошоци отколку порано“, додава Брегу.

Циркулацијата на регионалните човечки ресурси е потребна во регионот бидејќи може да ја подобри социјалната и економската интеграција што може да придонесе за регионалната распределба на благосостојбата на Балканот.

Мајлинда Брегу вели:

„Студентите можат да ги истражуваат можностите што се нудат во соседните економии под подобри услови – било да е тоа продолжување на студирање, истражувачка работа или дури и вработување. Во нашиот регион да се биде тесен пазар со многу слична култура, јазици итн. како и образовните системи би можеле да бидат многу попривлечни за нив доколку бидат подостапни и поперспективни, што ќе го обезбедат овие договори.“

„И на крајот сакаме конечно да го забрзаме економскиот раст создавајќи подобри услови за живеење, работа, студирање“, додава таа.

Алберт Хани вели:

„Овој договор е многу важен чекор кон подготовка на идните генерации за конкурентниот пазар на труд во светот. Тоа ќе ги поттикне младите да бараат начини да бидат поконкурентни со тоа што на почетокот ќе ги разгледаат можностите во соседството. Тоа ќе ги поттикне универзитетите да соработуваат и да учат едни од други и здраво да се натпреваруваат за да обезбедат најдобро образование.“

Универзитетите ги поздравуваат договорите

Многу академици наведуваат дека создавањето регионални интегративни политики како што е признавањето дипломи во областа на високото образование е успех за сите шест балкански земји.

Проф. Христина Спасевска, проректор за образование на Универзитетот „Св. Kирил и Методиј“, за ТРТ Балкан вели:

„Реализацијата на овој договор овозможува повеќе придобивки за граѓаните при престојот или остварувањето на правата во други земји и го олеснува остварувањето на правата на граѓаните на другите земји во институциите на Северна Македонија.“

Од друга страна, проф. Љулјета Плаколи-Касуми, в.д. Ректор на Универзитетот на Приштина вели за ТРТ Балкан:

„Го поздравуваме заживувањето на Берлинскиот процес и иницијативите кои произлегуваат од овој процес, каде земјите од Западен Балкан ќе бидат третирани како еднакви.“

„Се надеваме дека унапредувањето на Берлинскиот процес ќе стави крај на едно продолжено и проблематично прашање како што е признавањето на дипломите,“ додава Плаколи.

TRT Balkan
Популарни