Незадоволни земјоделци од седум асоцијации и здруженија организираа протестно возење ширум градовите и местата во Србија.
Во Нови Сад земјоделските производители, собрани околу Иницијативата за опстанок на српските земјоделци, со десетици трактори дојдоа пред Новосадскиот саем и паркирани на десната лента, а во зависност од текот на преговорите со Владата на Србија, овие протести може да се радикализираат во наредните денови со блокада на мостови и сообраќајни раскрсници.
Седум здруженија кои ги собираат земјоделците бараат од Владата на Србија, односно од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, исполнување на осум барања, меѓу кои се:
„Да се тргне во правец на формирање најниска откупна цена на сировото млеко на територијата на Република Србија (формирање заштитна цена која ќе биде минимално 78 денари плус ДДВ, што моментално е цената на чинење на млекото со сегашната цена на инпутите), кои ќе се контролираат врз основа на промена на три инпути кои се најзначајни кога е во прашање производство на млеко на територијата на Република Србија; субвенции по хектар во минимум 35.000 динари по хектар; премијата за млекото минимално 20 динари по литар; референтна цена на обработливите култури да се изедначи со стоковите берзи Будимпешта и Париз; регулирање на увозот на млеко и млечни производи во Србија со прелевмани (додаток на цената на увезената стока за да се изедначи со домашната) на државите на ЕУ и ЦЕФТА договорите на сите млечни производи; дизел гориво за сите обработливи површини без акциза со ДДВ 100 литри по хектар за обработливи култури и 300 литри по хектар за градинарски култури; регрес за молзни крави во износ од 40.000 динари по крава; укинување на таксата за одводнување.“
За овие барања одржани се два состаноци во Владата на Србија на кои присуствуваше премиерката Ана Брнабиќ, но дговорот не е постигнат ниту околу едно барање поради што земјоделците одлучиле да стапат во протести.
Земјоделскиот произведувач Горан Филиповиќ од Иницијативата за опстанок на земјоделците на Србија истанка дека очекува договор со Владата на Србија.
„Нема за сега да го блокираме градот и нема да ги малтретираме нашите сограѓани. Ќе стоиме покрај патот за да властите видат дека сме тука. Нема оттука да се поместиме додека поголемиот дел од тие барања не се исполни“, категоричен е Филиповиќ.
Филиповиќ наведува дека земјоделците ќе преспијат пред зградата на Новосадскиот саем, каде за четири дена ќе почне 90 меѓународен земјоделски саем, а доколку бројката на трактори ќе расте, постои можност дека дел од земјоделските машини ќе се најдат и пред зградата на Покраинската влада на Војводина, каде и во текот на минатата година земјоделците протестираа со денови.